Заштита од грубите бакнежи на сонцето

Заштита од грубите бакнежи на сонцето

Ако сакате да уживате на сонцето, а истовремено сакате да си ја зачувате вашата кожа здрава и еластична треба да знаете дека не треба да штедите на средствата за заштита од сонцето.
Треба да ставите доволна количина и важно е телото да го намачкате 20-30 минути пред да излезете на сонце.

Ултравиолетовото зрачење се повеќе ја зафаќа земјината површина, поради што заштитата од сонцето треба да ни стане навика во нашето секојдневие, но малкумина го прифаќаат овој совет. Дали поради внатрешниот отпор „нели сонцето е симбол на живот и здравје“ или поради недоволната информираност, а и средствата за сончање се уште не се користат секој ден.

Зошто толку настојуваат дерматолозите за користењето на заштитни средства од сонцето? Нашите баби живееле без масла за сончање со УВ заштита. Да се присетиме дека во почетокот на минатиот век во модните кругови прва се појави со темен тен фамозната мадам Шанел, пред тоа темниот тен бил допуштен само за луѓето од пониските слоеви. Лицата на дамите од елитата, секогаш биле заштитени со широките сенки на убавите, раскошни дамски шапки и шешири, а кремите им давале дополнителна скапоцена белина на нивната кожа.

Но, сега работите се изменија. Поради добро познатите глобални климатски промени, денес се повеќе сме сведоци на зголемениот интензитет на УВ зраците. Долготрајна изложеност на кожата на УВ зрачење го забрзува процесот на стареење, а со текот на времето може да предизвикаат и рак. Поради овие зраци многумина страдаат и од алергија на сонцето.

Заштитни средства од сонце
Принципот на дејствување на заштитните средства од сонцето е многу едноставен тие ги апсорбираат или рефлектираат опасните зраци. Кај заштитните производи главно влијание има УВ факторот и тој задолжително е напишан на етикетите на кутијата во која е спакуван. Тој варира од УВ фактор 10 до УВ фактор 50. Се смета дека УВ факторот од 25 до 30 е најдобар за светлата и за темната кожа. Без да има ризик од црвенило кожата може да биде изложена на сонце шест до 10 минути (колку е посветла кожата толку е помало заштитното време поминато на сонце). Ако ги помножите минутите со УВ заштитниот фактор ќе го добиете времетраењето во кое можете без некоја опасност да се сончате и да добиете убав тен. Ако имате светла кожа и употребите крема со УВ фактор 20 на сонце можете да бидете најмногу до 120 минути, се разбира не помеѓу 11-15 часот кога е најсилно сонцето.

Ако веќе сте запознаени со корисните својства на заштитата, доаѓа прашањето кој производ да го избереме и како правилно да го користиме. Во секој случај треба да се водите од типот на кожата која ја имате. Ако имате мрсна кожа и проблем со проширени пори најдобро е да не користите креми. Во тој случај се препорачуваат само гелови, но тие имаат помал заштитен УВ фактор.
Производите во вид на лосиони се универзални и подобни за децата кожата лесно ги прима и може да имаат целосна заштита.

Ако сакате да уживате на сонцето, а истовремено сакате да си ја зачувате вашата кожа здрава и еластична треба да знаете дека не треба да штедите на средството за заштита од сонцето. Треба да ставите доволна количина со која ќе постигнете и убав темен тен, и нема да изгорите и ќе уживате на сончевите плажи. Важно е телото да го намачкате 20-30 минути пред да излезете на сонце.

Немојте да се вознемирите ако денот е мрачен, односно ако сонцето е сокриено зад облаците, бидејќи кожата има потреба од заштита и кога не грее сонцето, а штетноста на УВ зраците е исто, независно дали е облачно или сончево. Многу жени сметаат дека шминката ја штити кожата. На ова не треба да се смета иако има многу пудри и кремови кои содржат посебни компоненти за филтрирање. Но експертите велат за да ја добиете потребната заштита треба да ставите седум пати повеќе шминка од колку што е потребно, а тоа е дури премногу и за на театарската сцена…

Често сретнувана заблуда претставува мислењето дека колку е поголем заштитниот УВ фактор, толку подолго е неговото дејство. Независно од неговото влијание крмата треба да се нанесува на секои два часа.

Вообичаено ги игнорираме некои делови од телото како ушите, горниот дел од стапалата, а тие се ранливи.

Немојте да ги заборавите усните, бидејќи тие се најмногу изложени на сонце и дерматолозите препорачуваат да се мачкаат со крем со заштитен УВ фактор над 20 и тоа што е можно почесто.

Споделете ја оваа објава