Уморни, отечени, болни нозе
Многу луѓе понекогаш имаат симптоми на уморни и отечени нозе, најчесто, поради долго стоење. Овие проблеми обично, се јавуваат кај луѓето чие занимање бара подолго стоење: трговци,наставници, фризери, пекари… Кај некои луѓе долгите патувања можат да предизвикаат непријатности, дури и сериозни проблеми, како што е тромбоза на длабоките вени.
Кога пешачите или трчате, мускулите од потколеницата помагаат крвта да се испумпува кон срцето, така што ги притискаат крвните садови. Сепак, после долготрајно мирување, крвта може да се насобере во нозете и да доведе до чувство на тежина и отечени глуждови, а тоа пак предизвикува болка и замор.
Ако овие симптоми се повторуваат некое време, тоа е знак дека крвните садови во нозете се премногу оптоварени и така се прават услови за појава на проширени вени.
Постојат мерки што можете да ги превземете за да ја намалите непријатноста што ја предизвикуваат проширените вени. На истиот начин можете да го спречите или да го забавите развојот на проширени вени.
Движете се и на тој начин мускулите ќе ја подобрат циркулацијата во вените, со притисокот врз нив. Прошетки, трчање, разни спортови, изберете физичка активност која вам најмногу ви одговара.
Користете еластични завои и компресирани чорапи, за да го спречите ослабувањето на крвните садови.
Вишокот килограми дополнително ги оптоваруваат вените и тие отежнато работат. Важно е каква храна јадете. Се советува малку да се внесува сол, да се зголеми внесување на количеството на растителни влакна, на овошје и на зеленчук.
Кога сте со рамни чевли, мускулите од потколеницата се поактивни, отколку кога носите високи потпетици. Немојте да носите премногу тесна облека која може да ја запре циркулацијата во нозате.
Подигнете ги нозете
Подигнете ги нозете над висината од срцето, крвта полесно се враќа во срцето под влијание на гравитацијата. На пример, легнете и нозете подигнете ги врз некоку перници, или пак, додека седите, подигнете ги нозете на друга столица.
Ако баш морате да стоите, рамнотежата префрлувајте ја од нога на нога, за да ја стимулирате циркулацијата. И по можност прошетајте на секој половина час.
Експертите велат дека прекрстените нозе водат до проблеми со циркулацијата и го отежнуваат враќањето на крвта во срцето.
Еден од решенијата за вашиот проблем е V-Vein од палетата на производи на HelathAid:
V-Vein e специјално формулиран додаток кој што помага за одржување на цврсти вени, здрави крвни садови и здрава циркулација, особено во нозете и стaпалата.