Vitamin C 1500 mg (prolonged release)

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оксидативно оштетување. HealthAid Витамин Ц 1500mg е ублажен, што го прави лесен за стомакот и обезбедува стабилно ослободување на витамин Ц подолг временски период.

  • Опис
  • Препорачана дневна доза
  • Можни несакани дејства
  • Reviews (0)

Витаминот Ц придонесува за нормална функција на непцата, забите, кожата, 'рскавицата, коските, крвните садови, нервниот сиситем, имуниот систем, за намалување на заморот и истоштеноста. Витаминот Ц исто така ја зголемува апсорпцијата на железото и нормалната апсорпција и искористување на калциум и фосфор. Неговата способност да го подобри имунолошкиот одговор покажа дека ја намалува фреквенцијата и времетраењето на настинките. Витаминот Ц исто така е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оксидативно оштетување. HealthAid Vitamin C 1500mg е ублажен, што го прави лесен за стомакот и обезбедува стабилно ослободување на витамин Ц подолг временски период.

 

Што представуваат и за која намена се Vitamin C 1500mg  таблетите?

  • Придонесуваат за одржување на нормалната имунолошка функција за време и по интензивно физичко вежбање.
  • Придонесуваат за нормално формирање на колагенот кој е потребен за нормално функционирање на крвните садови, коските, ‘рскавицата, кожата, непцата и забите.
  • Одржуваат доволно ослободување енергија во метаболизмот.
  • Придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем, важни се за нормална психолошки функција.
  • Придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес, ја зголемуваат апсорпцијата на железо и го намалуваат заморот и истоштеноста.

 

Vitamin C 1500mg таблетите може да бидат корисни за:

  • Оние кои чувствуваат симптоми на настинка или грип.
  • Луѓе кои сакаат да го намалат времетраењето или зачестеноста на настинките или грипот.
  • Оние кои сакаат да го зајакнат имунитетот.
  • Здравствените работници или луѓе кои се повеќе изложени на инфекции.
  • Луѓе кои сакаат да го задржат општото здравје и благосостојбата.

 

Што треба да знаете пред да ги употребите Vitamin C 1500mg таблетите?

Немојте да ги употребувате Vitamin C 1500mg таблетите доколку:

  • сте преосетливи (алергија) на било која составна компонента на Vitamin C 1500mg таблетите

 

Бидете посебно внимателни со Vitamin C 1500mg  таблетите:

Мерки на претпазливост:

Досега непознати

 

Предупредување:

Овој производ користете го според упатството кое е наведено на пакувањето. Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Ве молиме пред да го земете овој производ да се консултирате со вашиот лекар доколку боледувате од некоја болест, доколку земате лекови, ако сте бремени или доите или пак сте алергични на нешто. Не го користете овој производ по истек на рокот за употреба.

 

Употреба со други лекови и медицински производи:

Нема податоци за можни интеракции.

 

Бременост и доење

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.

 

Влијание врз способноста за возење автомобил или за ракување со машини

Не е забележано влијание на Витамин Ц 1500 мг таблетите врз способноста за возење или ракување со машини.

Возрасни и деца над 12 години една таблета на ден со храна, по можност наутро. Доколку е потребно возрасните може да ја зголемат дозата до две таблети. Таблетите да се голтнат цели. Да не се пречекорува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.

Како и сите медицински производи и Vitamin C 1500mg таблетите може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти.

Многу ретко може да се јават локални реакции на преосетливост.

 

** Без квасец, глутен, пченица, млечни производи, лактоза, сол, вештачки бои, конзерванси и ароми.

** Информации за алергија: За алергени, видете ги состојките со задебелени букви.

 

Vitamin C 1500mg таблетите во 1 таблета содржи:

Активна супстанција: Витамин Ц 1500мг [аскорбинска киселина, HPMC],

Помошни супстанции: стабилизатор (хидрокси пропил метил целулоза (HPMC), вкрстено со натриум карбокси метил целулоза (SCMC) агенс за зголемување на волуменот (микрокристална целулоза), средство против згрутчување (силика, вег.магнезиум стеарат), средство за обложување (SCMC, декстрин, декстроза, соја лецитин, содиум цитрат).

Reviews

There are no reviews yet.


Be the first to review “Vitamin C 1500 mg (prolonged release)”