METCOBIN Methylcobalamin B12 1000ug
Метилкобаламинот се смета како најдостапна био-форма на витамин Б12 (метил-кобаламин) кој се раствора под јазикот, со што значително се зголемува неговата апсорпција и ефективност. Витаминот Б12 е апсолутно важен за доброто ментално и физичко здравје. Игра важна улога за плодноста и бременоста, ја помага нормалната работа на кардиоваскуларниот систем.
Состав: Methylcobalamin (Vitamin B12) 1000μg.
- Опис
- За кого е наменет?
- За што се употребува?
- Препорачана дневна доза
- Reviews (0)
Метилкобаламинот се смета како најдостапна био-форма на витамин Б12 (кобаламин) и кога се раствора под јазикот, тој не се губи во дигестивниот процес, туку директно стигнува во крвотокот, со што значително се зголемува неговата апсорпција и ефективност. Витаминот Б12 е апсолутно важен за доброто ментално и физичко здравје. Тој е најголемиот и структурно најкомплицираниот витамин и може да биде синтетизиран само од страна на одредени пробиотски бактериски видови. Витаминот Б12 е суштествен за ДНК (генетски материјал на клетката) и дејствува со другите Б витамини за да се формираат сите типови на крвни клетки. Тој ја потпомага функцијата на мозокот (помнење и фокусирање), имунолошкиот систем, производството на енергија и метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините. Тој ја помага нормалната работа на кардиоваскуларниот систем со одржување на нормални нивоа на хомоцистеин. Витаминот Б12 игра важна улога за плодноста и бременоста. Тој е круцијален за одржување на нервниот систем и за спречување на оштетувањето на миелинските обвивки, изолацискиот материјал кој што ги обвиткува нервните клетки. Исто така, на децата им е потребно постојано снабдување со витамин Б12 за здрав развој на нивниот имунолошки и нервен систем и за одржување на апетит. За жал, заради бројни различни прехрамбени, физиолошки и животни фактори недостатокот од витамин Б12 е вообичаен и е се поголем проблем денес, што може да доведе до анемија и бројни непријатни симптоми, вклучително ментална замагленост, слабо помнење и концентрација, замор, иритација, чувство на апатија и недостаток на мотивација, променливо расположение, слабост во мускулите или проблеми со спиењето. Недостатокот од овој витамин исто така може да придонесе за слабеење на имунитетот и повторени инфекции, оштетување на миелинските обвивки на нервните клетки, дефекти при раѓањето, губење на слухот поврзано со стареењето или зголемени нивоа на хомоцистеин и зголемен ризик од кардиоваскуларни проблеми.
Состав: Methylcobalamin (Vitamin B12) 1000μg.
- Лица со мегалобласта анемија
- Лица со гастректомија и тенкоцревна ресекција
- Лица со недостаток на интризинг факторот
- Вегани и вегетаријанци
- Лица кои употребуваат ампуларна форма на Б12
- Лица со малнутриција и малапсорпција
- Оние кои често чувствуваат замор или исцрпеност и сакаат да ја зголемат енергијата
- Вегани, вегетаријанци и сите оние кои што не користат извори на витамин Б12 во својата исхрана
- Луѓе над 50 годишна возраст и особено повозрасните (како резултат од зголемувањето на недостатокот од гликопротеин заради стареењето)
- Поединци со високи нивоа на хомоцистеин кои што сакаат да го подобрат здравјето на кардиоваскуларниот систем
- Повозрасните лица и сите оние на кои што им треба подобрување на помнењето, концентрацијата и менталната бистрина
- Поединците на кои што им треба помош за намалување на зачестеноста на повторени инфекции
- Луѓето кои што имаат пониска желудочна киселина како резултат на редовна употреба на антациди или други фактори
- Оние кои што земаат терапија за намалување на холестеролот како што се статини
- Паровите кои што планираат бременост и бремените жени кои што имаат недостаток од витамин Б12
- Луѓе кои што консумираат големи количини алкохол
- Секој што сака да обезбеди правилни серумски нивоа на витаминот Б12
- Лечење на мегалобластна анемија
- Невропатии
- Пернициозна анемија
Деца и возрасни над 12 години: по една таблета дневно по појадок, по потреба дозата може да се зголеми на две таблети. Таблетата се става под јазикот и се остава да се раствори најмалку неколку минути или се додека потполно не се раствори, бидејќи ако ја голтнете значително ќе се намали нејзината апсорпција и ефективност. Да не се пречекорува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.
Reviews
There are no reviews yet.