Haemovit Plus 30 Capsules

Heamovit plus се капсули кои се специјално формулирани да ги овозможат сите неопходни материи за одржување на нормално ниво на железо и хмоглобин во крвта како и здрави крвни клетки, а воедно го подобрува и имунитот. Лица кои страдаат од железо дефицитарна анемија, жени со обилни менструални крварења, лица со крваречки хемороиди, бремени жени избираат Haemovit plus.

  • Опис
  • За кого се наменети?
  • За што се употребуваат?
  • Препорачана дневна доза
  • Коментари (2)

Heamovit plus се капсули кои се специјално формулирани да ги овозможат сите неопходни материи за одржување на здрави крвни клетки а воедно го подобрува и имунитот .

Анемијата претставува состојба во која има недостаток на железо како и на хемоглобин, односно на здрави црвени клетки. Хемоглобинот е протеин за која се врзува кислородот и кој преку црвените крвни зрнца се пренесува до сите ткива во организмот. Најчеста причина која доведува до анемија е недостатокот на железо во организмот а  железото пак, е неопходно за нормалната синтеза на хемоглобинот. При недостаток на хемоглобин, се намалува снабденоста на крвта со кислород, што доведува до развој на хипоксија (глад за кислород) која се манифестира со бројни симптоми и знаци. Главно анемијата се карактеризира со слабост, малаксаност, бледило, вртоглавици.

Анемијата може да се појави и кај мажи и жени, со тоа што кај жените често може да биде поврзана со менструален циклус или пак со бременост.

При состојба на анемија потребно е да се примени третман со препарати на железо кои ќе ја потпомогнат синтезата на хемоглобин и ќе ги наполнат резервите за железо во организмот.

Haemovit plus капсулите содржат:

  • Железо – Fe 2+ (железо фумарат) – редуцирана форма на железо која не прави иритација на желудочната лигавица и е полесна за апсорпција
  • Витамин Ц – е неопходен при апсорпцијата на железо а воедно и ја одржува двовалетната форма на железото (Fe2+)
  • Витамин Б6 – помага да се преработат амино-киселините, потребен е да се создаде серотонинот, мелатонинот и допаминот, помага во создавање на невро-трансмитерите, па поради тоа помага во регулирањето на умствените процеси.
  • Фолна Киселина - учествува во клеточната репликација и клеточната синтеза на протеини во целото тело. Многу е важен при состојба на брза клеточна репликација, како што е бременоста.
  • Витамин Б12 - има клучна улога во ДНК и РНК репликацијата и овозможува нормална клеточна активност.

 

  • Цинк – го одржува имунитетот, многу е моќен при борба со вирусните инфекции. Го одрзува метаболизмот на ДНК и РНК и учествува во правилната генска експресија.
  • Бакар – ја подобрува ресорпцијата на железото и е кофактро во бројни ензимски реакции.
  • Магнезиум – претставува кофактор во ензимски реакции и е одговорен за намалувањето на мускулни спазми ( грчеви)
  • Сите лица кои страдаат од железо дефицитарна анемија
  • Жени со обилни менструални крварења
  • Луѓе со крваречки хемороиди
  • Бремени жени
  • За третман на железо дефицитарна анемија
  • Лица со слаб имун одговор

По една капсула дневно со храна за возрасни и деца над 12 год.  За промена на дозирањето, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Производот содржи од алергени: соја

Без гкутен, брашно, млечни производи, шеќер, сол, вештачки бои, конзерванси и вкусови.

Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.

2 reviews for Haemovit Plus 30 Capsules

  1. 5 out of 5

    Premnogu sum zadovolena,sekogas imav problemi so anemija sto ne probav ali HAEMOVITOT e najdobriot rezultat

  2. 5 out of 5

    Go koristam od prviot den od koga stanav vegetarijanec,


Додадете коментар