Ester-C Plus 30 Tablets

Ester C таблетите се формулација со висока доза на специјален витамин Ц кој побрзо се апсорбира и подолго се задржува во организмот, збогатена со природни флавоноиди, ацерола и шипка. Ester C таблетите се идеална комбинација која има благопријатен ефект врз ѕидот на крвните садови и капиларите, правејќи ги поеластични и помалку склони кон крварење. Погодни се за лица со алергиски конјуктивити, ринити како и за алергиски осипи.

 

Состав: Vitamin C (as Ester­C Calcium Ascorbate) 1000mg, Citrus Biofl a­vonoids Complex (min 35% Hesperidin) 100mg, Acerola (min 25% Vitmain C) 30mg, Rosehip 30mg, Rutin 30mg, Quercetin 30mg.

  • Опис
  • За кого се наменети?
  • За што се употребуваат?
  • Препорачана дневна доза
  • Reviews (2)

Ester C таблетите се формулација со висока доза на специјален витамин Ц, кој побрзо се апсорбира и подолго се задржува во организмот, збогатена со природни флавоноиди, ацерола и шипка.

Ester C таблетите се идеална комбинација која има благопријатен ефект врз ѕидот на крвните садови и капиларите, правејќи ги поеластични и помалку склони кон крварење. Дополнително имаат силно антихистаминско дејство заради својата способност да ја стабилизираат мембраната на мастоцитите. Токму ова нивно својство ги прави да бидат погодни кај лица со алергиски конјуктивити, ринити како и за алергиски осипи.

Ester C таблетите содржат:

  • Витамин Ц – има силно антоиоксидативно дејство, го зацврстува ѕидот на крвните садови и на капиларите. Неопходен е за одржување на имуниот систем.
  • Цитрус биофлавоноиди - се сустанции кои се најзастапени во цитрусните овошја, најчесто се во форма на рутин, кверцетин и диосмин. Имаат антиоксидативно, капиларопротективно (ја намалуваат капиларната фрагилност), неуропротективно и антиканцерогено дејство. Цитрус биофлавоноидите ја зголемуваат апсорпцијата на вит Ц и дополнително го потенцираат неговото дејство.
  • Ацерола – е овошје кое е богат извор на витамин Ц и биофлавоноиди, има силно антиоксидативно како и капиларопротективно дејство.
  • Шипка – исто така е овошје со силно антиоксидативно дејство, богато со витамин Ц.

Состав: Vitamin C (as Ester­C Calcium Ascorbate) 1000mg, Citrus Biofl a­vonoids Complex (min 35% Hesperidin) 100mg, Acerola (min 25% Vitmain C) 30mg, Rosehip 30mg, Rutin 30mg, Quercetin 30mg.

  • За лица со било какви капиларни крварења – гингивални, епистакса ( крварење од нос ), петехии, ехимози, модрици и крвни подливи
  • За лица со хемороидални крварења
  • Лица со алергиски коњуктивит, ринит или алергиски осипи на кожата
  • Ester C таблетите може да се користат кај лица со било какви алергиски промени, алергиски конјуктивит, ринит, алергиски кожни осипи.
  • Ester C таблетите може да се употребуваат и кај било какви крварења кои потекнуваат од капиларите, како што се гингивални крварења, крварења од нос, хемороидални крварења
  • Корисни се кај лица со кардиоваскуларни заболувања

Возрасни  и деца над 12 години  по една  до две таблети дневно.  За промена на дозирањето, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Без додатоци на квасец, глутен, пченица, соја, млечни производи, сол, шеќер, вештачки бои, конзерванси и ароми

** Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана

2 reviews for Ester-C Plus 30 Tablets

  1. 5 out of 5

    Ми помогнаа за целосно запирање на крварење од нос кое го имав на дневна база скоро 3 месеци. Од срце ги препорачувам!

  2. 4 out of 5

    Go koristam sekojdnevno


Add a review