
Biotin 5000µg
Биотин, познат како витамин Б7, коензим Р или витамин Х, е витамин Б растворлив во вода кој е присутен особено во кожата, косата, ноктите, нервите и коскената срцевина. Биотин му помага на нашето тело да ги претвори протеините, мастите и јаглехидратите во енергија, со што се активира метаболизмот, овозможува да се нормализира телесната тежина и да се создаваат повисоки нивоа на енергија. Придонесува за одржување на нормални мукозни мембрани и игра посебна улога во искористување на гликозата, со што помага во одржување на нормалното ниво на шеќер во крвта.
1 таблета содржи:
Активна супстанција: Биотин 5000 µg, Пантотенска киселина 50 mg
Помошни супстанции: Средство за зголемување на волуменот (бел ориз во прав) Школката за капсулата [Хидрокси метил пропил целулоза (HPMC)], средство против згрутчување (растителен магнезиум стеарат).
- ОПИС
- ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВААТ?
- ЗА КОГО СЕ НАМЕНЕТИ?
- ПРЕПОРАЧАНА ДНЕВНА ДОЗА:
- Reviews (0)
Биотин, исто така познат како витамин Б7, коензим Р или витамин Х, е витамин Б растворлив во вода кој е присутен особено во кожата, косата, ноктите, нервите и коскената срцевина. Биотин му помага на нашето тело да ги претвори протеините, мастите и јаглехидратите во енергија, со што се активира метаболизмот, овозможува да се нормализира телесната тежина и да се создаваат повисоки нивоа на енергија. Придонесува за одржување на нормални мукозни мембрани и игра посебна улога во искористување на гликозата, со што помага во одржување на нормалното ниво на шеќер во крвта. Како и другите витамини од групата Б, биотин е корисен за здравјето на нервниот систем, когнитивните функции на мозокот и расположението. Според студијата од 1988 година и некои понови испитувања, Биотин е корисен за зголемување на нивото на добар ХДЛ холестерол, истовремено помагајќи да се намали лошиот ЛДЛ холестерол. Биотин е исто така познато дека помага во репарирање и градење на мускулното ткиво и поддршка на функцијата на тироидната жлезда и надбубрежните жлезди, со што помага за одржување добро расположение, метаболизам, нормална телесна тежина, нивоа на енергија, апетит и сон. Недостаток на овој витамин може да резултира со неправилен развој на фетусот.
Биотин е особено познат како витамин за убавина. Ја згуснува косата, ја зголемува еластичноста и спречува сувост и кршливост на косата. Исто така, помага да се создаде кератин, примарна компонента на здрава коса. Покрај тоа, Биотин помага да се донесе кислородот до клетките на фоликулите, правејќи ги енергични и здрави. Ова е една од причините зошто е докажано дека Биотин е многу корисен во спречувањето на кршливоста и губењето на сјајот на косата. Земањето поголеми дози на Биотин помага во одржување на здравјето на ноктите и спречува кршливост на ноктите. Оваа придобивка од биотин најпрво беше откриена кога коњите беа успешно третирани со овој витамин за да се отстранат проблемите со нивните копита кои испукуваат и стануваат кршливи. Биотин поддржува здрав раст и созревање на кожата, особено околу очите, носот и устата. Истражувањата исто така покажуваат дека биотин може да биде корисен за заштита на кожата од сувост, акни, габични инфекции, испукување и осип.
Бидејќи редовното земање на Биотин како суплемент може да доведе до недостаток на витамин Б5 (пантотенска киселина), капсулите HealthAid Biotin 5000 µg се збогатени со висока количина на витамин Б5, што придонесува за намалување на заморот, нормално ментално функционирање, метаболизам што дава енергија и метаболизам на стероидни хормони (полови хормони и хормони кои ги лачат надбубрежните жлезди), со што се промовира хормонална рамнотежа и кај мажите и кај жените. Како Биотин, така и витаминот Б5, поттикнува здрава коса, кожа и нокти.
Постојат осум различни форми на Биотин, но само Д-биотин се создава природно, биолошки е активен и се смета за единствен тип кој има целосни биотин пособности.
Што содржат Биотин 5000 µg капсулите:
1 капсула содржи:
Активна супстанција: Биотин 5000 µg, Пантотенска киселина 50 mg
Помошни супстанции: Средство за зголемување на волуменот (бел ориз во прав) Школката за капсулата [Хидрокси метил пропил целулоза (HPMC)], средство против згрутчување (растителен магнезиум стеарат).
- Придонесуваат за одржување на здрава коса, кожа и нокти.
- Ja поддржуваат функцијата на мозокот и нервниот систем.
- Помагаат во одржување на оптималното ниво на енергија.
- Придонесуваат за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта.
- Го поттикнуваат метаболизамот на масти, јаглехидрати и протеини помагајќи во одржување на нормалната телесна тежина.
- Помагаат во одржување на здраво ниво на холестерол.
- Корисни се во поддршката на телото за поефикасно справување со стресот.
- Лица на кои им опаѓа косата и имаат други проблеми поврзани со косата, кршливи нокти и проблеми со кожата.
- Оние кои се чувствуваат изморено и треба да го зголемат нивото на енергија.
- Спортисти и оние кои се многу физички активни.
- Лица кои сакаат да одржуваат нормално ниво на холестерол и гликоза во крвта.
- Луѓе кои треба да ја подобрат когницијата и способноста да се справат со стресот.
- Оние кои земаат додатоци со Алфа липоична киселина или витамин Б5 (пантотенска киселина).
- Лица кои редовно конзумираат сирови јајца (протеини што се наоѓаат во белката од јајце доведуваат до недостаток на биотин).
- Оние кои пушат или консумираат големи количини алкохол.
- Лица чија исхрана е богата со шеќер и друга рафинирана храна.
Возрасни и деца над 12 години една капсула на ден. Да не се пречекорува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.
Be the first to review “Biotin 5000µg” Cancel reply
Related Products
-
Zincovit C 60 Tablets
5.00 out of 5Zincovit C претставува уникатна формулација која ги обединува бенефитите и полезните особини на цинк, витамин Ц и екстракт од прополис во една таблета со природен вкус од портокал. Идеален суплемент за поткрепа на имуниот систем во текот на целата година, посебно во зима, кога на организмот му е потребна севкупна поткрепа за време на студените месеци, но и на пролет за да учествува во одржување на нормален имун систем.
Состав: Vitamin C 150mg, Zinc 4mg, Propolis Extract 15mg.
-
Vitamin B12 Spray 1000 µg
5.00 out of 5Vitamin B12 Spray 1000 µg претставува уникатна формулација за сублингвална употреба која ви овозможува лесна, брза и безболна апликација на високи, терапевтски дози на витаминот Б12. Воедно овозможува најбрз начин на ресорпција и искористливост. Наменет е за лица со мегалобласта анемија, лица со ресекција на желудник и црева, вегани и вегетаријанци, спортисти.
Состав: Vitamin C 30mg, Riboflavin 0.35mg, Vitamin B6 0.5mg, Folic Acid 40μg, Vitamin B12 1000μg.
-
Seхovit Forte
4.00 out of 5Комбинација на гинко билоба и корејски женшен, дополнето со есенцијални амино киселини, витамините А, Ц и Е, минералите цинк и селен овозможуваат да се почувствува разликата во машкиот активен живот.
Состав: Vitamin C 100mg, Vitamin E (natural source) 67mg, Zinc 15mg, Selenium 100ug, L-Arginine HCl 250mg, L-Carnitine 50mg, L-Methionine 50mg, L-Phenylalanine 50mg, Korean Ginseng 15:1 extract (standardised to 20% ginsenosides) [equivalent to 900mg powder] 60mg, Ginkgo Biloba extract (standardised to 24% glycosides & 6% terpenoids) 50mg.
-
Menovital®
0 out of 5Menovital® е оригинална формулација која придонесува за нормално фуннкционирање на жените во периодот на хормонален дисбаланс. Обезбедува хранлива поддршка за да се регулира хормоналната активност. Богат со природни билки, жалфија, кинеска ангелика, црвена детелина.
Состав: Vitamin C 60mg, Vitamin E 10mg, Vitamin B6 6mg, Iron 14mg, Zinc 15mg, L-Tyrosine 50mg, Soya Isoflavone Extract 50mg, Flaxseed Oil Powder 100mg, Starflower (Borage) Oil powder 100mg, Siberian Ginseng 5:1 Extract (Eleutherococcus senticosus) 100mg, Liquorice Standardised Extract (Glycyrrhiza uralensis root) 25mg, Sage powder 100mg, Red Clover Blossoms 50mg, Agnus Castus 5:1 Stand. Extract 8mg, Black Cohosh Standardised Extract (Cimicifuga Racemosa root) 20mg, Dong Quai 6:1 Standardised Extract (Angelica sinensis root) 167mg.
Reviews
There are no reviews yet.