A to Z Multivit 30 Tablets

Избалансиран витамински и минерален додаток во исхраната идеален за секој што сака да обезбеди внесување на доволно дневни количини на витамини и минерали, збогатени со лутеин за здрав начин на живот. Многубројните витамини придонесуваат во обезбедување на соодветното ниво на енергија за секојдневните активности.

 

  • Опис
  • Препорачана дневна доза
  • Коментари (2)

Избалансиран витамински и минерален додаток во исхраната идеален за секој што сака да  обезбеди внесување на  доволно дневни количини на витамини и минерали, збогатени со лутеин за здрав начин на живот.

Многубројните витамини придонесуваат во  обезбедување на соодветното ниво на енергија за секојдневните активности. Во самиот производ се издвојуваат следните витами со своите својства:

Витамин А кој придонесува во одржување на имуниот систем, одржување на видот и нормалната стрктура на кожата.

Витамин Ц е познат со својот придонес во имуниот систем со доминантна улога во заштитата од оксидативен стрес. Но  неговото учество е  и да придонесува во зголемување на нивото на енергија и метаболните процеси, намалувајќи го заморот и исцрпеноста, придонесува во процесот на регенерација на витамин Е во организмот.

Витамин Б 3 или познат уште како нијацин, исто како и останатите витамини придонесува во имунолошката функција,учествува во квалитетот на кожата, нормалните психолошки функции како и многубројни придонеси за нормална функција на организмот.

Магнезиумот е значаен за придонесот на нормален електролитен баланс, нормалната неуротрансмисија и  мускулната контракција вклучувајќи го и срцевиот мускул. Учествува во синтезата на структурните проетеини.

Железото како елемент игра значајна улога во придонесот на  формирање и нормална  функција на црвените квни клетки и хемоглобинот, транспортот на кислород и оксигенацијата на организмот, многубројни оксидативни и метаболни процеси  во организмот. Придонесува и за нормални конгнитивни процеси ( мислење, помнење, ориентираност)

Мултивитамини и минерали од А до Ш треба да се земаат секојдневно за да се надополни исхраната и да се оптимизира благосостојбата и да се обезбеди доброто здравје.

Возрасни и деца над 14 години, по една таблета дневно со храна. Не го надминувајте препорачаниот дневен внес освен доколку за тоа не ве советувало соодветно квалификувано лице.

** Овој производ содржи железо кој ако се земе премногу може да биде штетен за мали деца.

 

Не содржат вештачки бои и ароми

2 reviews for A to Z Multivit 30 Tablets

  1. 5 out of 5

    definitivno, vistinska vrednost za parite, go preporacuvam na site koi vodat griza za zdravjeto

  2. 5 out of 5

    Комплетно решение кое ги задоволува потребите на организмот


Додадете коментар