GINКGO VITAL 3

GincoVital 3 капсулите се комбинација од екстракти од гинко билоба, корејски женшен и сибирски женшен. Идеална комбинација за одржување на енергија,ментален капацитет и добра циркулација.

  • Опис
  • За кој се наменети?
  • За што се употребуваат?
  • Препорачана дневна доза
  • Коментари (0)

GincoVital 3  капсулите се комбинација од екстракти од гинко билоба, корејски женшен и сибирски женшен. Идеална комбинација за одржување на енергија,ментален капацитет и добра циркулација.

Гинкото содржи флавоноиди и трепеноиди кои како антиоксиданси спречуваат оштетување на клетките од слободните радикали, а со тоа и ги забавуваат ефектите на стареење.

Повеќе од 300 студии докажале дека гинкото  ја подобрува циркулацијата низ целото тело, особено во мозокот, со што ја штити и подобрува меморијата и менталната способност, дури и за луѓе со Алцхајмерова болест. Трепеноидите се тие кои ја подобруваат циркулацијата преку дилатација на крвните садови и ја спречуваат агрегацијата на тромбоцитите. Гинкото има широка упореба и се користи за деменција и алцхајмерова болест, интермитентна клаудикација, анксиозност, глауком и макуларна дегенерација, меморија и други когнитивни функции, невропатии предизвикани од дијабет, вртоглавици, главоболки, тинитус и уште многу други состојби.

Гинкото не се препорачува да се користи кај деца, трудници и доилки.

Корејскиот женшен е познат и му помага на  телото да се справи со менталниот  и физички стрес што е и негово доминантно дејство. Корејскиот женшен се користи и при настинки и грип, а според клиничките студии докажано е дека го зголемува бројот на клетките од имунолошкиот систем и го подобрува имуниот одговор кон вирусите. Покрај ова е и антиоксиданс што значи дека помага на телото да се ослободи од слободните радикали.

Многу од клиничките студии го покажуваат позитивниот ефект од комбинацијата на гинко билоба и корејски женшен на когнитивните способности како концентрација и меморија.

Се користи и за подобрување на физичката издржливост посебно кај спортисти. Корејскиот женшен се користи и за ослободување на симптомите на ПМС и за подобрување на либидото.

  • Лица кои сакаат да ја подобрат меморијата
  • Лица кои имаат потреба да ја зголемат енергијата
  • Оние кои сакаат да ја подобрат циркулацијата
  • Лица кои имаат нарушен слух и зуење во ушите
  • Лица кои имаат вртоглавица
  • Лица со хроничен замор
  • Може да помогне во подобрување на меморијата, концентрацијата, размислувањето и учењето
  • Може да ја подобри циркулацијата
  • Може да ја подобри еластичноста на сидовите од крвните садови
  • Може да помогне во заштита на телото од оксидативно оштетување
  • Може да помогне во регулирање на метаболните синдроми ( шеќерот во крвта и маснотиите)
  • Може да помогне во заштитата на ретината на очите

ГинкоВитал 3 капсулите ги конзумираат возрасни лица  наутро веднаш после будење 1 капсула дневно  со храна.  Дозата не се зголемува освен во консултација со лекар или фармацевт.

Коментари

Се уште нема коментари


Бидете прв(а) да коментира за “GINКGO VITAL 3”