Производи

  • Vitamin B 99 Complex

    5.00 out of 5

    Vitamin B99 Complex се таблети со продолжено ослободување и содржат комбинација од хидросолубилни Б-витамини во максимални дневни препорачани дози. Б витамините се инволвирани скоро во секој процес што се одвива во нашето тело од ослободување на енергија до одржување на нервниот систем и дигестивниот систем како и здрава кожа.

     

    Состав во две таблети: Vitamin C 240mg, Thiamin (Vit.B1) 99mg, Ribofl a­vin (Vit.B2) 99mg, Niacin (as nicotin­amide) 99mg, Vitamin B6 (Pyridoxine) 99mg, Folic Acid 99μg, Vitamin B12 20μg, Biotin 99μg, Pantothenic Acid 99mg, Iron † 9mg, Choline Bitartrate 99mg, Inositol 99mg, PABA 99mg.

  • Vitamin B12 Spray 1000 µg

    5.00 out of 5

    Vitamin B12 Spray 1000 µg претставува уникатна формулација за сублингвална употреба која ви овозможува лесна, брза и безболна апликација на високи, терапевтски дози на витаминот Б12. Воедно овозможува најбрз начин на ресорпција и искористливост. Наменет е за лица со мегалобласта анемија, лица со ресекција на желудник и црева, вегани и вегетаријанци, спортисти.

     

    Состав: Vitamin C 30mg, Riboflavin 0.35mg, Vitamin B6 0.5mg, Folic Acid 40μg, Vitamin B12 1000μg.

  • Vitamin C 1000mg tab. Chewable

    5.00 out of 5

    Витаминот Ц е клучен при создавање на колаген кој влегува во состав на крвните садови, кожата, непцата, забите, коските и сврзните ткива. Ги штити клетките од оксидативен стрес, го подобрува имунитетот, обезбедува нормален енергетски метаболизам и има природна антихистаминска активност. Неопходен е и за нормална апсорпција на железото. Формулата со шипка и ацерола е идеална за сите со чувствителен желудник.

     

    Состав: Vitamin C 1000mg (Of which: Ascorbic acid 680mg, Sodium ascorbate 480mg), Rosehip powder 50mg, Acerola powder 50mg.

  • Vitamin C 1500 mg (prolonged release)

    0 out of 5

    Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оксидативно оштетување. HealthAid Витамин Ц 1500mg е ублажен, што го прави лесен за стомакот и обезбедува стабилно ослободување на витамин Ц подолг временски период.

  • Vitamin D3 2000 iu

    0 out of 5

    Витаминот Д се смета за исклучително важен фактор за одржување на здравјето. Витаминот Д,  делува како регулатор на имунолошкиот систем, стимулира различни видови на бели крвни клетки да се борат со бактерии, вируси или клетки на рак, но истовремено може да спречи прекумерно создавање на воспалителни цитокини. Витаминот  Д може да биде многу корисен во справување со алергии и автоимуни болести. Исто така, спречува продолжени или прекумерни воспалителни реакции поврзани со многу здравствени состојби, вклучително и автоимуни болести. Витаминот Д може да биде многу ефикасен во борбата против грип или настинка. Ја зголемува нашата способност да се бориме против хронично воспаление и инфекции. Може да има неверојатни здравствени придобивки во врска со метаболизмот на мастите, имунитетот, вирусни инфекции, здравјето на дишните патишта, здравјето на коските, кардио-васкуларното здравје, нивото на гликоза во крвта и двата типа на дијабетес, хормонална рамнотежа, атлетски перформанси, здравје на кожата, расположение, здравје на зглобовите, стареење, мигрена, сон и многу други аспекти на здравјето и разни состојби.

  • Vitamin D3 5000 iu

    0 out of 5

    Витаминот Д3 е витамин растворлив во масти кој придонесува за нормална функција на имуниот систем, апсорпција / искористување на калциум и фосфор, одржување на нормални коски, нормална функција на мускулите, одржување на нормални заби и исто така придонесува за нормално ниво на калциум во крвта. Заедно со калциумот, витаминот Д исто така помага при намалување на загубата на минералите во коските кај жени во пост-менопауза.

     

    Vitamin D3 5000 iu капсулите во 1 капсула содржи:

    Активна супстанција: Витамин Д3 5000 iu (125µг) (холекалциферол)

    Помошни супстанции: Агенс за зголемување на волумен (мелтодекстрин), обвивка на капсулата (целулоза од зеленчук).

  • Vitamin D3 Spray (1000iu)

    4.00 out of 5

    Витамин Д3 е растворлив во масти кој игра важна улога во зајакнување на имунолошкиот систем. Помага за регулирање на апсорпцијата и искористувањето на калциум и фосфор во организмот и игра клучна функција во коскената минерализација и развојот на силни, здрави коски и заби.

     

    Состав: Vitamin D3 (1000iu) 25μg (20ml/100 прскања)

  • Vitamin E – Oil (100% Pure) 50ml

    5.00 out of 5

    Vitamin E – Oil е моќен антиоксиднас, тој ги штити клетките од оштетувањата што ги предизвикуваат слободните радикали. Vitamin E – Oil може да се употребува за да се спречи прекумерната продукција на меланин и појавата на темни кругови под очите, го забавува процесот на стареење на клетките, ја заштитува кожата од штетните УВ зраци. Vitamin E – Oil ја подобрува влажноста на кожата. Секојдневното користење на маслото на чиста кожа ја прави кожата мека и нежна, покрај тоа делува на лојните жлезди во кожата и ја регулира нивната функција.

     

    Состав: Pure Vitamin E Oil 50,000IU (dl­alpha tocopheryl ace­tate) per 50ml. Two average drops are approximately equal to 200mg of Vitamin E.

  • Wheat Germ Oil 60 Capsules

    0 out of 5

    Маслото од пченични никулци  се произведува со користење на органски одгледувана пченица. При тоа се користи најсовремен технолошки произвотствен процес за да ја задржи својата природна содржина, сето тоа спакувано во мека желатинска капсула која овозможува одржување на  оптималната чистота и моќност. Тој е богат природен извор на витамини и минерали и есенцијални масни киселини.

     

    Состав: Pure Wheat Germ Oil 340mg.

  • Wintervits 30 Tablets

    5.00 out of 5

    Wintervits помага да се обезбеди продолжена поддршка во текот на целата година особено во зимските месеци кога имунолошкиот систем не е секогаш во најдобра форма. Wintervits таблетите се одлична комбинација на витамин Ц, цинк и астрагал, збогатени со прополис кои придонесуваат за нормална функција на имуниот систем и ги заштитуваат клетките од оксидативен стрес.

     

    Состав: Vitamin C 500mg, Zinc 15mg, Rutin 100mg, Quercetin 30mg, Maitake mushroom powder 225mg, Astragalus Extract 57.5mg, Propolis Ex­tract 37.5mg.

  • Zinc Gluconate

    0 out of 5

    Zinc Gluconate таблетите содржат цинк, кој е суштински минерал кој се наоѓа во речиси секоја клетка и е од витално значење за бројни процеси во телото. Цинкот ја стимулира активноста на неколку ензими и затоа е вклучен во нормалниот раст на клетките и синтезата на протеини, плодноста и репродукцијата, нормално ниво на тестостерон, здрав имунитет. Придонесува да се одржи квалитетот на ноктите, косата и кожата.

     

    Состав: Zinc Gluconate 70mg, Which provides Zinc 10mg.

  • Zincovit C 60 Tablets

    5.00 out of 5

    Zincovit C претставува уникатна формулација која ги обединува бенефитите и полезните особини на цинк, витамин Ц и екстракт од прополис во една таблета со природен вкус од портокал. Идеален суплемент за поткрепа на имуниот систем во текот на целата година, посебно во зима, кога на организмот му е потребна севкупна поткрепа за време на студените месеци, но и на пролет за да учествува во одржување на нормален имун систем.

     

    Состав: Vitamin C 150mg, Zinc 4mg, Propolis Extract 15mg.