Digeston 60 Tablets

Содржи  есенцијални ензими кои природно ги има во нашиот организам како бетаин HCl, пепсин, панкреатин, амилаза, протеаза, бромелаин, папаја  кои се важни во процесот на варење на храната познати и во одржување на баланс на дигестивниот систем.

  • Опис
  • Препорачана дневна доза
  • Коментари (1)

Digeston содржи бетаин HCL, пепсин, панкреатин, амилаза, протеаза, бромелаин, папаја кои претставуваат есенцијални ензими. Поголемиот дел од овие есенцијални ензими се синтетизираат во човековиот организам и се од исклучителна важност во процесот на варење на храната како и во одржување на баланс на дигестивниот систем. Сите oвие ензими се на природен начин екстрахирани и содржани во Digeston.

Папаин и бромелаин ензими кои ги има во папаја и ананас. Папаја и ананас се овошја кои придонесуваат  во варењето на храната , ја намалуваат подуеноста и создавањето на гасовите а и метаболизирањето на маснотиите.

Пепсин – ензим кој се создава во лигавицата на желудникот кој влијае на разложувањето на протеините. Пепсинот е еден од трите главни ензими - разградувачи на протеини, или протеолитик, а другите два се химотрипсин и трипсин. При варењето овие три ензими соработуваат за да се разградат протеините од храната и да може да се припремени за апсорбирање во цревата. Пепсинот се синтетизира во неактивна форма на површината од желудникот.

Бетаин HCl – желудечна киселина  во комбинација со пепсинот во желудникот го започнуваат разложувањето на протеините на мали делови – аминокиселини. HCl е исто така потребна за ефикасната  дигестија.

Панкреатин – дигестивен ензим кој се излачува од панкреасот. Панкреасот е голема жлезда која се наоѓа во горниот абдомен. Има две главни функции. Една е да ги произведе хормоните инсулин и глукагон кои помагаат во регулирањето на метаболизмот на шеќерите. Другата е да се произведе панкреасен сок, екскреција која се испорачува до горниот дел на дванаесетпалачното црево, каде ја помага дигестијата. Панкреатинот е мешавина од ензими што разградуваат масти, липази, ензими кои разложуваат протеини како протеазата, и оние кои разложуваат јаглехидрати како амилазата. Една од функциите на панкреатин ензимите е да помогнат при варењето на храната.

Амилаза –  е ензим кој се излачува од панкреас и се однесува на група ензими која придонесува за нормално  разградување на шеќерите и скробот. Луѓето кои имаат проблем со варењето на мастите често јадат шеќери и јаглехидрати за да го надополнат недостатокот на масти во исхраната. Кај нив може да се јави недостаток на амилаза и ако јаглехидратите не се соодветно разложени пред да се апсорбираат може да се јават сериозни последици врз здравјето.

Возрасни и деца над 12 години, една таблета дневно со оброк.  Да не се надминува препорачаната дневна доза освен ако не е советувано поинаку од страна на соодветно квалификувано лице.

** слободен од квасец, пченица, соја, млечни производи, сол, вештачки бои и конзерванси

** Додатоци во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот.

1 review for Digeston 60 Tablets

  1. 5 out of 5

    Deluva na problemite so varanjeto – PROVERENO


Додадете коментар