InfantProbio® – Пробиотик за Доенчиња и Деца

InfantProbio® – Пробиотик за Доенчиња и Деца

InfantProbio има значајна улога во подобрување на гастроинтестиналните проблеми кај доенчињата и децата како и во зајакнување на имунитетот. Претставува уникатна и единствена формулација која се состои од живи колонии (200 милиони) во една доза на Lactobacillus Reuteri, NCIMB 30351 кои што се изолирани од мајчиното млеко. Ја стимулира и смирува локалната лигавица на цревата при состојби на грчеви, игра многу важна улога во превенција од алергии.

 

Состав во 5 капки: Lactobacillus Reuteri NCIMB 30351 200million CFU *

  • Опис
  • Зошто треба да се користи HealthAid InfantProbio Drops кај Доенчиња и Деца
  • За кого е наменет?
  • Дневна препорачана доза
  • Reviews (0)

Природно во гастроинтестиналниот тракт (ГИТ) на човековиoт организам живеат бактерии кои што ја сочинуваат нормалната цревна флора и се познати под името пробиотици. Типот на бактериите кој што живеат во гастроинтестиналниот тракт на доенчињата и децата се сосема различни од оние кај возрасните

Кај доенчињата и децата ГИТ е првата одбрамбена линија на имуниот одговор спрема патогените, затоа од многу големо значење е тој да функционира беспрекорно добро и да остане здрав за да доенчињата и децата имаат одличен имунитет и здрав и правилен развој

Кај здрави доенчиња и деца постои баланс помеѓу добрите и лошите бактерии во ГИТ. Доколку тој баланс биде нарушен, се јавуваат проблеми со варењето на храната и пад на имунитетот. Особено тој баланс се нарушува кај доенчиња и деца кои што често се разболуваат, кај доенчиња што се на адаптирано млеко, оние кои употребуваат антибиотици, кај доенчиња и деца со одредени нарушувања во варење на храната (колики, диареа, запек, нетолеранција на лактоза), кај алергии и иритации на кожа како егзема.

HealthAid InfantProbio има значајна улога во подобрување на ГИТ проблеми и зајакнување на имунитетот кај доенчиња и деца бидејќи претставува уникатна и единствена формулација која се состои од живи колонии (200 милиони) во една доза на Lactobacillus Reuteri, NCIMB 30351 кои што се изолирани од мајчиното млеко.

Познато е дека Lactobacillus reuteri произведуваат Reuterin кој што има директен и широк анти-микробски спектар (директно антибактериско, антивирусно и антигабично дејство).

Исто така Reuterin има имудомодулаторно и имуностимулирачко дејство на тој начин што ја стимулира локалната лигавица на цревата во продукција на антитела кои што се одговорни за уништување на патогените бактерии.

Reuterin е и анти-инфламатор на тој начин што го намалува нивото на инфламаторните цитокини и C-reactiveprotein (CRP).

Reuterin игра многу важна улога во превенција од алергии на тој начин што му помага на имуниот одговор да направи разлика помеѓу патогените и непатогените антигени уште во најрана возраст и да реагира правилно и соодветно.

Reuterin игра особено важна улога во варењето и ресорпцијата на јаглехидрати.

Lactobacillus Reuteri се смета дека ја одржуваат во добра форма мукозата на гастроинтестиналниот тракт и придонесуваат за здрава и балансирана микрофлора во цревата.

Долго време се сметало дека грчевите кај новородечињата се еден вид на идиопатска појава која што трае неколку недели па и месеци од нивното раѓање. Lactobacillus Reuteri како најиспитуваниот пробиотик е докажан најефикасен при превенција на колики кај новороденчиња.

Состав во 5 капки: Lactobacillus Reuteri NCIMB 30351 200million CFU *

  • Помага да се превенира и намали времетраењето како и честотата на појавување на дијареа, гасови, рефлукс, опстипација и грчеви.
  • Помага во одржување на балансот во ГИТ помеѓу таканаречените добри и лоши бактерии.
  • Помага во одржување и регулирање на функцијата на дебелото црево.
  • Помага во зајакнување на имунитетот.
  • Помага во варење на лактозата.
  • Има особена корист за време на антибиотска терапија.
  • Помага да се подобри варењето и искористувањето на хранливите материи.

InfantProbio® е наменет за доенчиња и деца кои:

  • Страдаат од грчеви, дијареа, гасови, рефлукс, запек
  • Имаат абнормално и неправилно движење на дебелото црево
  • Имаат слабо варење на храна
  • Кога е потребно одржување на здрав имун систем
  • Се на антибиотска терапија и после антибиотска терапија
  • Кои се нетолерантни на лактоза

 

Доенчиња и деца од 0 до 3 годишна возраст по 5 капки еднаш на ден, кај деца над 4 години, 5 капки еднаш до три пати на ден. Кога се аплицираат капките, делот за накапување не смее да дојде во контакт со било каква течност вклучувајќи и плунка. Доколку се користат антибиотици потребно е да се аплицира 2-3 часа пред или после употребата на антибиотик. Не треба да се надминува дневната препорачана доза без консултација со лекар или фармацевт

HealthAid InfantProbio е без глутен, брашно, соја, млеко, лактоза, јаткасти плодови, јајца, гмо, вештачки бои, ароми и конзерванси.

Reviews

There are no reviews yet.


Be the first to review “InfantProbio® – Пробиотик за Доенчиња и Деца”