Serrapeptase: природно олеснување од отоци и воспаленија

Serrapeptase: природно олеснување од отоци и воспаленија

Serrapeptase е протеолитички ензим. Ова значи дека ги разложува протеините на помали составни делови (пептиди и аминокиселини) кои телото може да ги користи.

Користењето на ензими терапевтски не е нов концепт и одамна широко се користи заради лековитите својства.

Serrapeptase доаѓа од дигестивниот систем на свилената буба кој се појавува кога бубата се ослободува од својот кожурец. Истражувања на ензимот се започнати во Индија за дали и каков ефект ќе има ензимот врз човековото тело и нивните истражувања ги довеле до неверојатни резултати.

Што може да направи Serrapeptase?

Serrapeptase е силен анти-фибротик и тоа е од огромно значење бидејќи многу болести се директна последица од абнормално задебелување на фиброзното сврзно ткиво, појава позната како фиброза.

Вакви болести вклучуваат:

  • Артериосклоероза
  • Фиброцистични гради
  • Фиброидни тумори на матката
  • Цистична фиброза
  • Тромбови

Но придобивките од Serrapeptase не застануваат овде. Тоа е ефективен ензим против сите форми на воспаленија. Воспаленија на зглобови, дигестивен систем како и на сите органи.

Serrapeptase се верува дека функционира на три начини:

Го намалува воспалението со разредување на флуидите кои се формираат по повреда. Ова го забрзува процедувањето на тие течности што помага во забрзување на процесот на заздравување на ткивото.

Ја намалува болката со инхибиција на амини кои предизвикуваат болка наречени bradykinin.

Serrapeptase разложува фибрин и друго мртво или оштетено ткиво без притоа да го оштети здравото ткиво.

Serrapeptase се користи во Европа и Азија веќе 25 години и повеќе научни истражувања го потврдуваат позитивниот ефект кој го има и иако многу дели многу од бенефитите на Аспиринот за разлика од него научните истражувања докажуваат дека Serrapeptase е нежен за дигестивниот систем, не предизвикува чиреви и крварења во желудник и е далеку побезбедна за редовно користење.

Serrapeptase во најчиста и најквалитетна форма може да се најде во Serrapeptase 60,000 IU caps. од HealthAid Македонија

Споделете ја оваа објава