Првични симптоми на дијабетес

Првични симптоми на дијабетес

Симптомите на дијабетесот честопати се суптилни. Раните симптоми, посебно кај дијабетесот тип 2, може да бидат суптилни и наизглед безопасни, доколку воопшто и ги има. Вие може да имате дијабетес со месеци, или со години, а да не почувствувате никакви симптоми на дијабетес.
Доколку порано ги разберете можните симптоми при дијабетес, тоа, може да доведе до рана дијагноза и рано лекување.

Diabetes

Премногу сте жедни и почесто мокрите

Кога сте премногу жедни и зачестено мокрите, тоа се класичните знаци и симптоми на дијабетесот. Кога имате дијабетес, вишокот шеќер (гликоза) се собира во крвта.
Вашите бубрези се присилени да работат повеќе, за да може да го исфилтрираат и апсорбираат вишокот шеќер.
Ако бубрезите не можат да постигнат, вишокот шеќер се исфрла преку урината. Тоа го активира зачестеното мокрење и може да доведе до дехидрирање. Пиењето на повеќе течности за да се згасне жедта, води до зачестено мокрење.

Замор

Може да чувствувате замор, а за тоа може да придонесат многу фактори, вклучувајќи ја и де-хидратацијата од зачестеното мокрење и неспособноста телото правилно да функционира, бидејќи тоа помалку може да го искористи шеќерот за своите енергетски потреби.

Diabetes

Губење на тежина

Губењето на тежината исто така спаѓа во можните знаци и симптоми за дијабетес. Кога шеќерот го губите поради зачестеното мокрење, со тоа можете да ги изгубите и калориите. Истовремено, дијабетесот може шеќерот од храната да го држи подалеку од клетките, а тоа пак води до константно чувство на глад. Заклучокот е дека брзо губите тежина, посебно ако имате дијабетес тип1.

Замаглен вид

Симптомите на дијабетесот може да вклучат и проблеми со видот. Високото ниво на шеќер во крвта може да ја повлече течноста од ткивата, вклучувајќи ги и очите, а тоа пак влијае на способноста да се фокусирате.

Доколку не се лекувате, дијабетесот може да предизвика оштетување на очите. За повеќето луѓе, овие рани промени, не предизвикуваат пречки во видот. Меѓутоа, ако сите овие промени не се откријат и понатаму напредуваат, тие може да доведат до губење на видот па и до слепило.

Diabetes

Бавно зараснување на рани или чести инфекции

Особено лекарите, но и други луѓе кои боледуваат од дијабетес забележале дека инфекциите се почести кога организмот е во таква состојба. Меѓутоа, многубројните истражувања не покажале дали сето тоа е така, ниту пак, зошто е тоа така. Можно е, поради високото ниво на шеќер во крвта да ослабне природното зараснување на раните и способноста за борба со инфекциите. Кај жените, најчести се инфекциите на уринарниот тракт и вагиналните инфекции.

Трнење во рацете и нозете

Вишокот шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нервите. Може да имате трнење, или пак губење на чувството во рацете и нозете, како и бол¬но печење во рацете, нозете и стапалата.

Diabetes and fruit

Црвени, отечени и чувствителни непца

Дијабетесот може да ја ослабне способноста за борба со бактериите, а со тоа се зголемува и ризикот од инфекции на непцата и коските кои ги држат забите.
Непцата може да се повлечат, а со тоа забите ќе се разлабават, или пак може да дојде во воспаление и гноење, посебно кога веќе имате некоја инфекција на непцата.
Доколку забележите било какви знаци или симптоми на дијабетес, обратете се кај својот лекар. Што порано се дијагностицира состојбата, порано ќе започне лекувањето. Дијабетесот е сериозно заболување, но сепак може да го ставите под контрола и да имате активен и здрав живот.

Подготви:
Наташа Кривошеев

GlucoBate

GlucoBate таблетите се специјално формулирани користејќи ги најполезните нутритиенти и хербални екстракти за поткрепа и одржување на нормално ниво на глукоза во крвта, метаболизмот и енергијата.

Информирајте се повеќе за овој производ: тука.

Споделете ја оваа објава