Приказна за откривањето на витамините

Приказна за откривањето на витамините

Во приказната за витамините веројатно најпозната е онаа за скорбут, болест која настанува поради недостаток од витамин Ц.

Денес звучи неверојат­но кога ќе се каже колку милиони луѓе во минатото починале пореди недостаток од некој витамин, или, по­инаку кажано,само поради несоодветна исхрана. Еве неколку интересни приказ­ни за откривањето за че­тирите витамини што му се неопходни на човековиот организам.

Нашето знаење за пот­ребата од витамините во исхраната започнува во 19 век и се однесува на веков­ното присуство на болести­те поради недостатокот од витамини. Требало подолго време симптомите да се поврзат со неадекватната исхрана.

Витамин Б1

Бери-бери е болест која настанува поради недос­таток од витамин Б1 (тиа­мин). Симптомите се сла­бост во нозете, едеми и на крај оштетувања на нерви­те по целото тело при што доаѓа до психоза и застој во работата на срцето. Бо­леста е опишана во првите записи на источната меди­цина, а европските лекари ја запознале откако поќна­ле да ординираат на далеч­ниот исток. Околу 1800 го­дина воочено е дека оваа болест е поврзана со хра­ната, но не се знаело точно со кој производ, се доде­ка, случајно, холандскиот воен лекар Ејкман во 1890 година не воочил слични симптоми кај кокошките кои биле хранети со оста­тоци од ориз.

Иронијата да биде поголема, во истиот период, Луј Пастер ги отр­кил микроорганизмите што ја предизвикувале болес­та, па затоа, некое време, научниците мислеле дека болеста е предизвикана од бактерии. Тие проба­ле да пронајдат бактерија во оризот. Дури 90 годи­ни подоцна, повторно при едно случајно откритие, во затвор на Јава (тогаш колонија на Холандија), се пронашло решението. Зат­ворскиот лекар забележал дека симптомите на бери- бери се јавуваат кај затво­рениците кои консумираат излупен ориз. Всушност, на оризот му се остранува надворешната лушпа, од­носно, тој се полира за да може да се спречи гниење­то под влијание на тропска­та клима. Потоа, станало јасно, дека лушпата содр­жи нешто важно и научни­ците на Истокот и во Евро­па ја испитувале се додека полскиот хемичар Каси­мир Функ во 1911 година, не објавил дека изолирал фактор. Тој претпоставу­вал дека соединението, според хемискиот состав, припаѓа на соединенијата таканаречени амини и го нарекол витал амин. Амин кој е важен за животот, а називот витамин е подоцна врежан, откако се открие­ни и останатите хранливи материи од храната, иако тие, немаат хемиски ни­каква врска со амините.

Витамин А

Поради недостаток на витамин А (ретинол) на­станува слепило. Уште во стариот Египет знаеле дека со консумирање на дроб се намалуваат симп­томите кои го нарушувале видот. Првите научни до­кази се појавиле дури во 1876 година, кога пациен­тите ги лекувале со мас­ло добиено од дробот на бакалар, а од 1931 година од маслото е изолиран ви­таминот А. Пред не толку долг период ретинолот е поврзан со претходно от­криените каротеноиди од морковот, кои организмот ги претвора во витамин А. Поради тоа, нив ги нареку­ваме природни провитами­ни.

Витамин Ц

Болеста која настанува поради недостаток од ви­тамин Ц е наречена скорбут. Симп­томите се замор и исцрпеност, крва­вење од непцата, тешко зараснување на раните и дијареа, а крајната фаза на болеста е смрт поради внатрешно крвавење. Човекот, за разлика од животните, не може самостојно да го синтетизира витаминот Ц. Болеста прв ја опишал Хипократ, а постојат и некои записи од стариот Египет. Се­како, нај смртоносен скорбутот бил во 15 и 16 век кај морнарите. Тоа е времето кога се истражувала плане­тата. Најверојатно, сознанијата дека има некој недостаток во храната за­почнуваат од бродовите на Колумбо. Оние кои се разболеле од скорбут, барале да ги напуштат бродовите на најблиските острови, за да не умрат на бродот. Подоцна, по три месеци, флотата на враќање ги пронашла морнарите живи и здрави. На остро­вот имало свежо овошје со кое се хранеле и од тоа се опоравиле. На тој остров му го дале името Куракао, што на португалски значи излекување. Еден британски лекар кој пловел по јужните мориња во 1593 година запи­шал дека веројатно најдобар лек од скорбут бил сокот од портокал, или лимон.

Постои приказна дека Капетанот Ланксатер кој со својата флота пло­вел во 1601 година, на своите мор­нари редовно им давал да пијат сок од лимон. Кога стасале до одредена­та дестинација, тој кај ниту еден од морнарите не забележал знаци на скорбут, а некои други морнари од флотата, кои не пиеле сок од лимон, заболеле од скорбут. Но, и покрај ис­куството на морепловците, во 1795 година британската морнарица ги обврзала посадите на бродовите ре­довно да пијат сок од лимон кога се на далечни патувања.

Историчарите сметаат дека во пе­риодот на големите откритија, околу милион морнари умреле од скорбут. Во триесетите години на минатиот век е откриен витамин Ц и неговата улога во заштита од скорбут. За тоа откритие, во 1937 година, Хејворт и Сент Георгиј ја добиле Нобеловата награда. Овој витамин бил трет по ред откриен и ја добил буквата Ц, а хемискиот назив е аскорбинска кисе­лина и потекнува од изразот антис­корбут фактор.

Витамин Б3

Уште една болест која се јавува поради некој недостаток во исхрана­та е пелаграта. Таа настанува поради недостаток од витамин Б 3. Кај забо­лените од пелагра се појавуваат рани по кожата и тоа посебно под влијание на сончевите зраци, а во подоцнеж­ниот период од болеста, доаѓа до оштетување на централниот нервен систем, депресија, деменција и смрт.

Американскиот лекар Голдбергер, во 1914 година, започнал истражу­вање што ја предизвикува болеста, бидејќи во тој период оваа болест го покосила сиромашното население од југот на САД. Се знаело дека таа се јавува кај луѓето кои претежно се хранат со пченка. Но, Голденбер се сомневал дека нешто недостасува во исхраната. Тој организирал ескпе­римент со доброволци од затвор, во замена за слобода. Ги хранел само со пченка и со свинска масностија и по­сле неколку месеци се развиле симп­томите на болеста. Кога во исхраната им вовел млеко, месо и свеж зелен­чук симптомите се повлекле и со тоа докажал дека проблемот бил во на­чинот на исхрана. За жал, не открил што недостасувало. Витаминот Б 3 е откриен неколку година подоцна. Интересно е тоа што на староседлци­те од југот на САД основна храна им е пченката, но кај нив пелаграта не биле присутна. Традиционално, Ацте­ките, од пченкарно брашно подогот­вувале погачи. Тие прво пченката ја натопувале во вар, а потоа ја мелеле во брашно. Подоцна е утврдено дека пченката содржи витамин Б 3, но во врзан облик кој нашиот организам не може да го искористи. Но,со примену­вањето на вар витаминот Б3 се осло­бодува од пченката.

Научниците ги откриле главните причини за појавата на тешките бо­лести и ги изолирале некои од вита­мините во исхраната. Денес, знаеме дека за правилно функционирање на организмот му се потребни сите витамини и минерали. Всушност, на организмот му е потребно нивното меѓусебно дејство, па затоа, недоста­токот на некој од нив, често води до недостаток од друг, посебно кај ви­тамините од групата Б. Исто така, во храната се наоѓаат и други хемиски соединенија кои го потпомагаат иско­ристувањето на некои витамини како што е случај со витаминот Ц и биоф­лавоноидите. Поради таа причина, потребно е да се јадат сите видови на прехранбени производи, а посебно свежо овошје и зеленчук.

Споделете ја оваа објава