Научни сознанија 06

Научни сознанија 06

Научни сознанија

Витамин Ц кога е во форма на Calcium Ascorbate,претставува уникатна и патентирана формула на витамин Ц. Претставува рH-неутрална алтернатива, за разлика од обичната форма на витамин Ц. Не прави никакви гастрични тегоби, односно доста е нежна за гастроинтестиналниот тракт. Функционира биолошки исто како другите форми на витамин Ц, меѓутоа за разлика од обичниот витамин Ц, се ресорбира многу побрзо во организмот, а истовремено се задржува и многу подолго. Според едно истражување, кај лица кои користеле Calcium Ascorbate C, вредноста на аскорбатот во белите крвни зрнца е за 50% повисока во временски интервал од  24 часа за разлика од лицата кои користеле обична форма на витамин Ц, кај кои вредностите се движат околу 9%. Научно е докажано дека аскорбатот во леукоцитите е од особена важност за силен имун одговор на човековиот организам, и слободно може да се каже дека оваа уникатна формула пружа 24 часовна поддршка на имуниот одговор. Витамин Ц исто така ги штити имуните клетки од оксидативен стрес,го подобрува и продолжува нивното дејство. (6)

Во написот објавен во кинескиот весник за заразни болести, медицинското здружение во Шангај одобри употреба на витамин Ц во голема доза како третман за хоспитализирани лица со COVID-19.

Пер ос третман со висока доза на витамин Ц може да им помогне на лицата кои се примени на одделенија за интензивна нега,односно се намалува должината на престојот на интензивна нега за 8% и скратува времетраењето на механичката вентилација за 18,2%. (6)

За детален опис следи ги линковите:

https://www.nutraingredients.com/Article/2020/03/25/Hospital-turns-to-high-dose-vitamin-C-to-fight-coronavirus

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6521194/

https://mp.weixin.qq.com/s/bF2YhJKiOfe1yimBc4XwOA

 

Цинк e есенцијален микроелемент кој, покрај многубројните функции во човековиот организам, се таложи во епителните клетки и затоа спречува вирусите да се размножувaат во носната слузница и грлото (горниот респираторен систем). Исто така, може да ги спречи вирусите да се адхерираат во мукозните мембрани на грлото и носот. (6)

Студија што е објавена 4.11.2010

Официјален наслов: Zn2+ Inhibits Coronavirus and Arterivirus RNA Polymerase Activity In Vitro and Zinc Ionophores Block the Replication of These Viruses in Cell Culture

Заклучоци:

Инвитро Zn (2+) ефикасно ја инхибира РНК синтетазата на вирусот САРС-КоВ

Инвитро Zn (2+) инхибира репликација и транскрипција на вирусот САРС-КоВ. (6)

За детален опис следи го линкот:

https://doi.org/10.1371/journal.ppat.1001176

 

Рутин, исто така наречен рутозид, кверцетин-3-рутинозид, покажува голем број на фармаколошки активности, вклучително и антиоксидантни, цитопротективни, вазопротективни, антикарциногени, невропротективни и кардиопротективни активности. Рутин е претходник на кверцетин, односно од него се создава активен метаболит. (6)

Официјален наслов: The Pharmacological Potential of Rutin

Заклучоци:

  • Антиастматична активност на рутин беше проучена на сензибилизирани свесни заморчиња. Рутин значително ја инхибираше специфичната отпорност на дишните патишта и непосредната фаза на реакција заедно со резистенција на хистамин, фосфолипаза А2 и еозинофил пероксидаза. Имаше намалено регрутирање на неутрофили и еозинофили во белите дробови. Употреба на рутин, исто така, беше предложена кај голема кашлица заедно со витамини Ц и К.
  • Антибактериска активност.Рутинот опширно се проучува за антимикробна активност против разни видови бактерии. Покажа длабок степен на инхибиција врз растот на бактериите Ешерихија коли. Рутин, квантифициран во медот, покажа инхибиторни ефекти врз Proteus vulgaris, Shigella sonnei и Klebsiella sp.Исто така е документирана и антимикробна активност против Pseudomonas auruginosssa и Bacillus subtilis.Демонстрирано е дека рутин со инхибиција на ДНК изомераза IV покажа антибактериска активност против E. Coli.
  • Антималарично дејство на рутин во асоцијација со хлорокин е забележано кај кокошки.
  • Антиретровирусна активност.Во една студија, истражен е за активност против вируси ХИВ.Механизмот со кој натриум рутин сулфат демонстрира антиретровирусно дејство беше со блокада на влегување на вируси и фузија на вирус со клетки, преку интеракција на рутин со гликопротеинот на ХИВ-1.
  • Антивирусна активност.Антивирусни агенси за третман на инфекции предизвикани од ретровируси, ортомиксовируси, вируси на херпес, вирус на хепатитис Б и вирус на хепатитис Ц се широко достапни.Благодарение на високата инциденца на вирусни инфекции, како и без прецизен третман за „појава на нови отпорни вирусни соеви“, се чини дека е неопходно да се развијат нови антивирусни лекови.Рутин, покажа длабок антивирусен ефект против вирусот на птичји грип H5N1,спречува инхибиција на адхерирање и репликација на вируси. (6)

За детален опис следи го линкот:

https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S1319016416300263#s0010

 

Кверцетин е биофлавоноид  кој покажува антинфламаторна способност. (6)

Студија објавена  15.12.2006

Официјален наслов: Binding interaction of quercetin-3-beta-galactoside and its synthetic derivatives with SARS-CoV 3CL(pro): structure-activity relationship studies reveal salient

Заклучоци:

Кверцетин, како биофлавоноид, има антивирусно дејство против САРС-КоВ. Се претпоставува дека директно ја инхибира ензимската активност на 3C-протеаза (3CLpro) на вирусот САРС-КоВ. (6)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17046271

Студија објавена 30.3.2020

Официјален наслов:COVID-19 and chronological aging: senolytics and other anti-aging drugs for the treatment or prevention of corona virus infection?

Заклучоци:

Студијата посочи дека кверцетинот може да ја искористи својата антивирусна активност преку интеракција со вирусен ХА протеин иможе да ги блокира „ACE2 рецепторите“ на клетките на кои се прицврстува коронавирусот што предизвикува COVID-19, и да го инхибира влезот на вирусот во клетката. (6)

За детален опис следи ги линковите:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/32229706

https://www.mcgill.ca/oss/article/health/quercetin-take-or-not-take

 

Маитаке Печурки. Печурката Маитаке содржи супстанци меѓу кои и бетаглукани кои можат да помогнат во борбата против тумори и да го стимулираат имунолошкиот систем. Постојат некои докази дека може да го намали крвниот притисок, да го подобри нивото на холестерол, да го намали нивото на шеќер во крвта. (6)

Заклучоци:

Тековните резултати укажуваат на тоа дека Maitake може да ги активира вродените и стекнатите имунолошки реакции за спречување на вирусна инфекција. Како заклучок, очекуваме дека внесот на Маитаке ги потенцира системите за одбрана на домаќините и има заштитен ефект против вирусот на грип и други патогени вируси и бактерии.

Се покажа дека всушност ја запира репликацијата на вирусот, што би било многу корисно за да му се овозможи на нашето тело да се бори против него, и да се спречи прекумерно оштетување. Покрај тоа, овозможува поинтензивно снабдување со антивирусни цитокини. (6)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ffhdj.com/index.php/ffhd/article/view/363

 

Екстракт од Kоренот Astragalus (Astragalus membranaceus) е традиционален кинески додаток на исхрана кој се користи за лекување на вируси. Клиничките студии во Кина потврдија дека е ефикасен кога се користи како превентивна мерка против обичната настинка. Исто така, се покажа дека го намалува времетраењето и сериозноста на симптомите при акутен третман на обичната настинка, како и зголемување на белите крвни клетки во хронична леукопенија (состојба која се карактеризира со ниско ниво на белите крвни клетки). Истражувањата кај животни индицираат дека астрагалусот очигледно делува со стимулирање на неколку фактори на имунолошкиот систем. Се претпоставува дека го стимулира производството на белите крвни клеткиво коскената срж (неутрофили, еозинофили, базофили, моноцити, лимфоцити, плазма-клетки) и го подобрува производството на интерферон (клучно природно соединение произведено од телото за борба против вирусите). (6)

Официјален наслов: Astragalus polysaccharide enhances immunity and inhibits H9N2 avian influenza virus in vitro and in vivo

Заклучоци:

Ин витро и ин виво, Астрагалус може драстично да го намали размножувањето на вирусите H9N2. Ефикасно го зголемува изразот на IL-2, IL-4, IL-6, IL-10, LITAF и IL-12, го промовира растот на клетките и ја зајакнува активноста против H9N2. Содржината на лимфоцитите на CD4 +, CD8 + T и вредностите на CD4 +/CD8 + кај сите групи на третман со астрагалус беа повисоки од оние во контролната група, и со тоа го зајакнува клеточниот имунитет. Докажано е дека го инхибира Х9Н2 и ин витро и ин виво. (6)

За детален опис следи ги линковите:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3729712/

https://www.urologyofva.net/articles/category/healthy-living/3984660/coronavirus-precautions-and-strengthening-the-immune-system

 

Екстракт од прополис.Прополисот е пчелен производ широко користен во народната медицина и поседува многу фармаколошки својства, како што се антимикробно, антиинфламаторно и антиоксидативно дејство. Прополисот ги инхибира Грам-позитивните бактерии, во помала мерка и Грам-негативни бактерии. Се покажало дека прополисот го елиминира H. pylori, што е поврзансо појава на чирнажелудник и колитис; исто така ја елиминира и МРСА. Докажано е антивирусно дејство на прополис против полиовирус, вируси на грип А и Б, риновируси, ХИВ, варичела, херпес симплекс, херпес зостер. (6)

Официјален наслов: Antimicrobial and antiviral properties of different types of propolis

Заклучоци:

Прополис се покажа дека го инхибира растот на микроорганизмите со инхибирање на протеинската синтеза. Покрај тоа, некои компоненти на прополис ја инхибираат ензимската активност на патогени микроорганизми. Беше утврдена значителна синергија помеѓу ацикловир и прополис против ХСВ-1 и ХСВ-2.

Во оваа студија се покажа дека прополисот е доста ефикасен против репликацијата на ХСВ-1 и ХСВ-2. Се верува дека прополисот може да биде потенцијален лек за третман на инфекции со вируси на херпес симплекс. Откриено е дека прополисот ја зголемува активноста/дејството на ацикловир. (6)

За детален опис следи го линкот:

https://www.researchgate.net/publication/321947294_Antimicrobial_and_antiviral_properties_of_different_types_of_propolis

Share this post