Научни сознанија 05

Научни сознанија 05

Научни сознанија:

Lactobacillus Rhamnosus. Клинички докази покажуваат дека L. Rhamnosus може да предизвика намалување на проинфламаторните цитокини (TNF-α, IL-6), и да ги поттикне антиинфламаторите (IL-10) и хемокини (MCP-1, IP-10). (5)

Официјален наслов: PROBIOTICS AND VIRUS INFECTIONS: The effects of Lactobacillus rhamnosus GG on respiratory and gastrointestinal virus infections.

Заклучоци:

Профилот на цитокините и хемокин може да обезбеди увид во клинички ефекти на пробиотиците. Како и во другите извештаи (Miettinen et al., 2000, Veckman et al., 2003, Miettinen et al., 2008), во сегашната студија L. rhamnosus беше во можност да индуцира низок степен на воспаление кај човечките макрофаги. Покрај тоа, L. rhamnosus беше ефикасен во засилување на производството на хемокин, кој е вклучен во промовирање на хемотакса. Како што макрофагите играат важна улога во вродениот имун одговор против инфекции со вируси, пробиотикот го намалува нивото на проинфламаторните цитокини и како антиинфламатор може да го подобри имунолошкиот систем и да регрутира леукоцити во местото на инфекција, дополнително олеснувајќи ја вирусната елиминација. (5)

За детален опис следи го линкот:

https://core.ac.uk/download/pdf/14924672.pdf

Објава во списание koreabiomed,на 17.мaрт.2020.

Истражувачите, предводени од професорот Јун Ха-на, од одделот за урологија, исто така откриле дека L. Rhamnosus имаат иста локација за хемиско врзување на КОВИД-19 и влијаат на протеинската активност.

Професорот Јун очекува пробиотиците L. Rhamnosus да бидат дополнителен третман за да се потисне ширењето на COVID-19 со инхибиција на активност на пурин,кој е енергетски извор за ХИВ СИДА, хепатитис, ебола и вирус КОВИД-19.

Нејзин Цитат „Верувам дека пробиотичните бактерии L. Rhamnosus ќе помогнат како комплементарен третман за да се спречи СОВИД-19“.

За детален опис следи го линкот:

http://www.koreabiomed.com/news/articleView.html?idxno=7744

 

Бромелаин е признат како безбеден и ефективен нутритиент и се користи од страна на поединци ширум светот за голем број на заболувања, како што се бронхитис, синузитис, артритис. (5)

Официјален наслов: Bromelain Enzyme from Pineapple Fruit as an Antiviral Agent Against HIV, Hepatitis C and Human Papiloma Virus

Официјален наслов: Therapeutic Application of Pineapple Protease (Bromelain)

Заклучоци:

Резултати од студии покажуваат дека ензимот бромелаин има потенцијал да се користи како антивирусно средство. Бромелаинскиот ензим може да предизвика некои оштетувања на вирусните мембрани,односно на нивните протеини како едни од вирусните структурни компоненти. На тој начин овој вирус, односно неговиот надворешен слој, е оштетен одпротеолитички активисти. Таквиот вирус ја губи својата способност да се репродуцира и ќе биде уништен.

Поради овие позитивни ефекти на бромелаинот, тој се почесто се користи како средство против вирусно заболување, кое вклучува Ебола, ХИВ/СИДА, хепатитис Ц и ХПВ. (5)

За детален опис следи ги линковите:

https://medwelljournals.com/abstract/?doi=jeasci.2018.3125.3130

https://www.researchgate.net/publication/26563756

 

Витамин А првично беше наречен „антиинфективен витамин“ заради неговата важност во нормалното функционирање на имунолошкиот систем . Кожата и мукозните клетки, кои ги обложуваат дишните патишта, дигестивниот тракт и уринарниот тракт функционираат како бариера и ја формираат првата линија на одбрана на телото од инфекција. Витамин А е важен за одржувањето на мукозниот интегритет и диференцијацијата на имуните клетки. Исто така, за време на воспалението промовира конверзија на CD4 T-лимфоцити во Т-лимфоцити како одговор на инфекција. Постојат и значителни докази кои сугерираат дека витамин А може да помогне во спречување на развој на автоимуни заболувања. (5)

Заклучоци:

Витамин А е важен за мукозниот интегритет на дишните патишта и белите дробови.Витамин А е важен и за функционирање на сите имуни клетки,особено Т лимфоцитите кои се први во одбрана против вируси. Затоа, витаминот А може да биде ветувачка опција за третман и спречување на инфекција на белите дробови. (5)

За детален опис следи ги линковите:

Green HN, Mellanby E. Vitamin A as an anti-infective agent. Br Med J. 1928;2(3537):691-696.  (PubMed)

Raverdeau M, Mills KH. Modulation of T cell and innate immune responses by retinoic Acid. J Immunol. 2014;192(7):2953-2958.  (PubMed)

 

Витаминот Д3 игра многу важни улоги во нашето тело, вклучително и промовирање на здравјето и функција на нашиот имунолошки систем. (5)

Научните истражувања сугерираат дека суплементација со витамин Д3 може да заштити од респираторни инфекции, особено кај оние кои имаат недостаток на витамин Д и кај повозрасни лица.

Студија објавена на 19.5.2014

Заклучоци:

Витаминот Д3 е ветувачки суплемент за превенција од респираторни инфекции. Витаминот Д3 значително го намалува ризикот од лабораториско потврдени респираторни инфекции и може да го намали ризикот од клинички инфекции. (5)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4041358/

 

Витаминот Е е липосолубилен антиоксиданс кој може да ги заштити полинезаситените масни киселини (PUFAs) во клеточните мембрани од оксидација, да го регулира производството на реактивни видови кислород (ROS) и реактивни азотни видови (RNS). Освен како моќен антиоксиданс кој ја штити клеточната мембрана на имуните клетки, важен е и за нивната активност. Имуномодулаторни ефекти на витамин Е  влијаат врз функцијата и регулирањето на дендритичките клетки (ДК), макрофагите, клетките природни убијци (НК), Т-клетките и Б-клетките. (5)

Официјален наслов: The Role of Vitamin E in Immunity

Кај луѓето, многу студии пријавиле зголеменo размножување на лимфоцитите како одговор на митогена стимулација, засилена реакција на одложена хиперсензитивност (ДТ), зголемено производство на ИЛ-2 и намалено производство на ИЛ-6 со додаток на витамин Е. (5)

Заклучоци:

Имуномодулаторниот ефект на витамин Е се должи на:

  • Намалување на производството на PGE2 со инхибиција на активност COX2;
  • Подобрување на ефикасно формирање на имунолошки синапси во Т-клетки и иницирање на сигнали за активирање на Т-клетки;
  • Модулација на балансот Th1/Th2;
  • Повисока активност на НК;
  • Промени во дендритичката функција како што зголемено производство на ИЛ-2 и намалено производство на ИЛ-6 и ИЛ-12; (5)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6266234/

 

Витамин Ц. Во написот објавен во кинескиот весник за заразни болести, медицинското здружение во Шангај одобри употреба на витамин Ц во голема доза како третман за хоспитализирани лица со COVID-19. (5)

Дозите кои се поголеми од дневни препорачани,се препорачува да се даваат I.V. за да се подобри функцијата на белите дробови, што може да помогне на пациентот да не зависи од механичка вентилација.

Дополнително, прегледот од 2019 година откри дека и пер ос третман со висока доза на витамин Ц, може да им помогне на лицата кои се примени на одделенија за интензивна нега, односно се намалува должината на престојот на интензивна нега за 8% и скратува времетраењето на механичката вентилација за 18,2%. (5)

За детален опис следи ги линковите:

https://www.nutraingredients.com/Article/2020/03/25/Hospital-turns-to-high-dose-vitamin-C-to-fight-coronavirus

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7110025/

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6521194/

https://mp.weixin.qq.com/s/bF2YhJKiOfe1yimBc4XwOA

 

Цинк e есенцијален микроелемент кој, покрај многубројните функции во човековиот организам, се таложи во епителните клетки и затоа спречува вирусите да се размножувaат во носната слузница и грлото (горниот респираторен систем). Исто така, може да ги спречи вирусите да се адхерираат во мукозните мембрани на грлото и носот. (5)

Студија објавена 4.11.2010

Официјален наслов: Zn2+ Inhibits Coronavirus and Arterivirus RNA Polymerase Activity In Vitro and Zinc Ionophores Block the Replication of These Viruses in Cell Culture

Заклучоци:

ИнвитроZn (2+) ефикасно ја инхибира РНК синтетазата на вирусот САРС-КоВ

Инвитро Zn (2+) инхибира репликација и транскрипција на вирусот САРС-КоВ. (5)

За детален опис следи го линкот:

https://doi.org/10.1371/journal.ppat.1001176

 

Бакар. При недостиг на бакар доаѓа до намалување на концентрацијата на интерлеукин 2 што резултира со редукција на Т-клеточна пролиферација. (5)

Во случаи на сериозен недостиг на бакар, бројот на неутрофили во периферната крв е намален, исто така намалена е и нивната способност да генерираат супероксиданјон и да ги убиваат ингестираните микроорганизми.

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9587153

 

Селен претставува есенцијален микроелемент. Во организмот се наоѓа во траги. Селен е составен дел на повеќе од дваесетина селенопротеини кои играат клучна улога во преку 200 ензимски реакции. Селен е есенцијален за метаболизам и синтеза на тиреоидни хормони и најважен за правилна функција на тироидната жлезда. Селен претставува и моќен имуностимулатор. (5)

Студија објавена септември.2018

Официјален наслов: Селен, селенопротеини и имунитет

  • Селен (Se), основен елемент во траги, заедно со витамин Е, се важни медијатори за заштита од оксидативен стрес. Неодамнешна студија покажа дека недостиг на Se или витамин Е резултира со зголемена вирусна патогеност и изменета имунолошка реакција. Понатаму, недостиг на Se или витамин Е резултира со специфични вирусни мутации, менувајќи ги релативно бенигните вируси во вирулентни. (5)

Заклучоци:

Селен е исклучително важен елемент во човековиот организам со директно антиоксидативно дејство и е есенцијален за оптимална имунолошка функција. Влегува и во структурата на селенопротеините, како глутатион пероксидаза 1 и 4. Глутатион пероксидаза, еден од најмоќните антиоксиданси,претставува ензим кој се наоѓа во имуните клетки. Доколку имаме ниско ниво на Селен, вирусите се повирулентни. (5)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6163284/

 

Коензим Q10 е липосолубилен антиоксиданс. Витамин Е и Коензим Q10 се главните антиоксиданти растворливи во масти кои се наоѓаат во клеточните мембраните и липопротеините. Може да ја заштити клеточната мембрана и ДНК на имуните клетки и може да ја поттикне нивната активност. (5)

Антиоксидантни функции:

Коензимот Q10 е ефикасен антиоксиданс кој ги штити клеточните мембрани и липопротеините од оксидација. Присуството на значителна количина на CoQ10 во клеточните мембрани ја поддржува идејата дека CoQ10 е важен мобилен антиоксидант. Co Q10 ја инхибира пероксидацијата на липидите.Коензим Q10 може да ги заштити мембранските протеини и митохондријалната ДНК од оксидативното оштетување. (5)

За детален опис следи ги линковите:

Nohl H, Gille L. The role of coenzyme Q in lysosomes. In: Kagan VEQ, P. J., ed. Coenzyme Q: Molecular Mechanisms in Health and Disease. Boca Raton: CRC Press; 2001:99-106.

Navas P, Villalba JM, de Cabo R. The importance of plasma membrane coenzyme Q in aging and stress responses. Mitochondrion. 2007;7 Suppl: S34-40. (PubMed)

 

Рутин, исто така наречен рутозид, кверцетин-3-рутинозид. Покажува голем број на фармаколошки активности, вклучително и антиоксидантни, цитопротективни, вазопротективни, антикарциногени, невропротективни и кардиопротективни активности. Рутин е претходник на кверцетин, односно од него се создава активен метаболит. (5)

Официјален наслов: The Pharmacological Potential of Rutin

Заклучоци:

  • Антиастматична активност на рутин беше проучена на сензибилизирани свесни заморчиња. Рутин значително ја инхибираше специфичната отпорност на дишните патишта и непосредната фаза на реакција заедно со резистенција на хистамин, фосфолипаза А2 и еозинофил пероксидаза. Имаше намалено регрутирање на неутрофили и еозинофили во белите дробови. Употреба на рутин, исто така, беше предложена кај голема кашлица заедно со витамини Ц и К.
  • Антибактериска активност.Рутинот опширно се проучува за антимикробна активност против разни видови бактерии. Покажа длабок степен на инхибиција врз растот на бактеријата Ешерихија коли. Рутин, квантифициран во медот, покажа инхибиторни ефекти врз Proteus vulgaris, Shigella sonnei и Klebsiella sp.Исто така е документирана и антимикробна активност против Pseudomonas auruginosssa и Bacillus subtilis.Демонстрирано е дека рутин со инхибиција на ДНК изомераза IV покажал антибактериска активност против E. Coli.
  • Антималарично дејство на рутин во асоцијација со хлорокин е забележано кај кокошки.
  • Антиретровирусна активност.Во една студија, истражен е за активност против вируси ХИВ.Механизмот со кој натриум рутин сулфат демонстрира антиретровирусно дејство беше со блокада на влегување на вируси и фузија на вирус со клетки, преку интеракција на рутин со гликопротеинот на ХИВ-1.
  • Антивирусна активност.Антивирусни агенси за третман на инфекции предизвикани од ретровируси, ортомиксовируси, вируси на херпес, вирус на хепатитис Б и вирус на хепатитис Ц се широко достапни.Благодарение на високата инциденца на вирусни инфекции, како и без прецизен третман за „појава на нови отпорни вирусни соеви“, се чини дека е неопходно да се развијат нови антивирусни лекови. Рутин покажал длабок антивирусен ефект против вирусот на птичји грип H5N1,спречува инхибиција на адхерирање и репликација на вируси. (5)

За детален опис следи го линкот:

https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S1319016416300263#s0010

 

Витамините Б се витамини растворливи во вода и делуваат како коензими. Секој витамин Б има свои посебни функции. На пример, витамин Б2 (рибофлавин) игра улога во енергетскиот метаболизам на сите клетки. Недостаток на витамин Б2 се јавува кај постари лица.Објавено е дека витаминот Б2 и УВ светлината ефикасно го намалуваат титарот на MERS ‐ CoV кај производи од плазма на човек. Витаминот Б3, исто така наречен никотинамид, може да го засили уништувањето на Staphylococcus aureus преку миелоиден-специфичен фактор на транскрипција.Витамин Б3 е ефикасен и во профилактички и во терапевтски испитувања против Staphylococcus aureus.Покрај тоа, третманот со витамин Б3 значително ја инхибира инфилтрацијата на неутрофилите во белите дробови со силен антиинфламаторен ефект за време на белодробна поддршка со респиратор. Витаминот Б6 е исто така потребен во метаболизмот на протеините и учествува во над 100 реакции во телесните ткива. Покрај тоа, тој исто така игра важна улога во функцијата на имунитетот на телото.Особено е важен за синтеза на серотонин,кој ни дава чувство на хармонија и расположение,притоа ни помага да се справиме со напнатоста и анксиозноста за време  на пандемија.Витаминот Б6 помага да се подобри имунолошкиот одговор со зголемување на производството на антитела и исто така помага во комуникациските интеракции помеѓу цитокините и хемокините. Недостигот на витамин Б6 го намалува растот и размножувањето на лимфоцитите, формирање на антитела и активност на Т-клетките. Витамин Б9 или фолна киселина исто така игра важна улога во зајакнувањето на имунитетот. Обично е клучен  во биосинтезата на нуклеински киселини, протеини, крвни клетки и нервни ткива.Витамин Б12 (кобаламин) помага во метаболизмот на секоја клетка на човековото тело, особено влијае на синтезата на ДНК, синтеза на масни киселини и метаболизмот на аминокиселините. Вклучен е во синтезата на Б-клетки и мултипликација на Т-клетки. Недостигот на Б12 предизвикува намалување на имунолошкиот одговор и организмот е подложен на вирусни и бактериски инфекциии. Бидејќи недостигот на витамини Б може да го ослабне имунолошкиот одговор на домаќинот, тие треба да бидат избор кај пациентизаразени со вирус, за да го подобрат имунолошкиот систем. Значи витамин Б6,  фолна киселина и витамин Б12 се важни за ФОРМИРАЊЕ НА СИТЕ ИМУНИ КЛЕТКИ.ВАЖНИ СЕ И ЗА НИВНА ПРОЛИФЕРАЦИЈА.ТИЕ СЕ И КОФАКТОРИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА АНТИИНФЛАМАТОРНИ МЕДИЈАТОРИ КОИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА НОРМАЛНА ИМУНА РЕАКЦИЈА. (5)

За детален опис следи го линкот:

https://doi.org/10.1093/ajcn/77.6.1352https://doi.org/10.1111/trf.13860https://doi.org/10.1172/JCI62070

Share this post