Научни сознанија 04

Научни сознанија 04

Научни сознанија:

Витаминот Е е липосолубилен антиоксиданс кој може да ги заштити полинезаситените масни киселини (PUFAs) во клеточните мембрани од оксидација, да го регулира производството на реактивни видови кислород (ROS) и реактивни азотни видови (RNS). Освен како моќен антиоксиданс кој ја штити клеточната мембрана на имуните клетки, важен е и за нивната активност. Имуномодулаторни ефекти на витамин Е  влијаат врз функцијата и регулирањето на дендритичките клетки (ДК), макрофагите, клетките природни убијци (НК), Т-клетките и Б-клетките. (4)

Официјален наслов: The Role of Vitamin E in Immunity

Кај луѓето, многу студии пријавиле зголеменo размножување на лимфоцитите како одговор на митогена стимулација, засилена реакција на одложена хиперсензитивност (ДТ), зголемено производство на ИЛ-2 и намалено производство на ИЛ-6 со додаток на витамин Е. (4)

Заклучоци:

Имуномодулаторниот ефект на витамин Е се должи на:

  • Намалување на производството на PGE2 со инхибиција на активност COX2;
  • Подобрување на ефикасно формирање на имунолошки синапси во Т-клетки и иницирање на сигнали за активирање на Т-клетки;
  • Модулација на балансот Th1/Th2;
  • Повисока активност на НК;
  • Промени во дендритичката функција како што зголемено производство на ИЛ-2 и намалено производство на ИЛ-6 и ИЛ-12. (4)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6266234/

 

Витамин Ц. Во написот објавен во кинескиот весник за заразни болести, медицинското здружение во Шангај одобри употреба на витамин Ц со голема доза како третман за хоспитализирани лица со COVID-19. (4)

Дозите кои се поголеми од дневни препорачани,се препорачуваат да се даваат I.V. за да се подобри функцијата на белите дробови, што може да помогне на  пациентот да не зависи од механичка вентилација.

Дополнително, прегледот од 2019 година откри дека и пер ос третман со висока доза на витамин Ц може да им помогне на лицата кои се примени на одделенија за интензивна нега, односно се намалува должината на престојот на интензивна нега за 8% и скратува времетраењето на механичката вентилација за 18,2%. (4)

За детален опис следи ги линковите:

https://www.nutraingredients.com/Article/2020/03/25/Hospital-turns-to-high-dose-vitamin-C-to-fight-coronavirus

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7110025/

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6521194/

https://mp.weixin.qq.com/s/bF2YhJKiOfe1yimBc4XwOA

 

Селен претставува есенцијален микроелемент. Во организмот се наоѓа во траги.Селен е составен дел на повеќе од дваесетина селенопротеини кои играат клучна улога во преку 200 ензимски реакции. Селен е есенцијален за метаболизам и синтеза на тиреоидни хормони и најважен за правилна функција на тироидната жлезда. Селен преставува и моќен имуностимулатор. (4)

Студија објавена септември 2018

Официјален наслов: Селен, селенопротеини и имунитет

  • Селен (Se), основен елемент во траги, заедно со витамин Е се важни медијатори за заштита од оксидативен стрес. Неодамнешна студија покажа дека недостиг на Se или витамин Е резултира со зголемена вирусна патогеност и изменета имунолошка реакција. Понатаму, недостиг на Se или витамин Е резултира со специфични вирусни мутации, менувајќи ги релативно бенигните вируси во вирулентни. (4)

Заклучоци:

Селен е исклучително важен елемент во човековиот организам со директно антиоксидативно дејство и е есенцијален за оптимална имунолошка функција. Влегува и во структурата на селенопротеините, како глутатион пероксидаза 1 и 4. Глутатион пероксидаза,еден од најмоќните антиоксиданси,претставува ензим кој се наоѓа во имуните клетки. Доколку имаме ниско ниво на селен, вирусите се повирулентни. (4)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6163284/

 

Кверцетин е биофлавоноид кој покажува антинфламаторна способност.

(4)

Студија објавена  на 15.декември 2006

Официјален наслов: Binding interaction of quercetin-3-beta-galactoside and its synthetic derivatives with SARS-CoV 3CL(pro): structure-activity relationship studies reveal salient

Заклучоци:

Кверцетин, како биофлавоноид,има антивирусно дејство против САРС-КоВ. Се претпоставува дека директно ја инхибира ензимската активност на 3C-протеаза (3CLpro) на вирусот САРС-КоВ. (4)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17046271

Студија објавена 30.март 2020

Официјален наслов:COVID-19 and chronological aging: senolytics and other anti-aging drugs for the treatment or prevention of corona virus infection?

Заклучоци:

Студијата посочи дека кверцетинот може да ја искористи својата антивирусна активност преку интеракција со вирусен ХА протеин иможе да ги блокира „ACE2 рецепторите“ на клетките на кои се прицврстува коронавирусот што предизвикува COVID-19, и да го инхибира влезот на вирусот во клетката. (4)

За детален опис следи ги линковите:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/32229706

https://www.mcgill.ca/oss/article/health/quercetin-take-or-not-take

 

Турмерик (Curcuma Longa) има изразено моќна антиинфламаторна активност. (4)

Студија објавена мај 20011

Официјален наслов: Recent developments in anti-severe acute respiratory syndrome coronavirus chemotherapy

  • Покрај куркуминоидите, повеќе од 250 моно-, секси- ди- и три- терпеноидите се идентификувани во Тurmeric/ Curcuma longa. Овие липофилни соединенија имаат подобра апсорпција од куркуминоидите и исто така покажуваат широк спектар на фармаколошки својства. Оваа студија се фокусира на куркума терпеноидите и нивните физиолошки својства. Поконкретно студијата докажува антивирусен ефект на терпеноидите од куркума кај вирус Sars-Cov.

Заклучоци:

Терпеноидите од Turmeric/Curcuma Longa се врзуваат за протеините на вируснатамембрана и за рецепторите на клетките и превенираат вирусот да се врзе за нив. Исто така ја инхибираат и вирусната ензимската активност на SARS-CoV. (4)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3136164/

 

Бромелаин е признат како безбеден и ефективен нутритиент и се користи од страна на поединци ширум светот за голем број на заболувања, како што се бронхитис, синузитис, артритис. (4)

Официјален наслов: Bromelain Enzyme from Pineapple Fruit as an Antiviral Agent Against HIV, Hepatitis C and Human Papiloma Virus

Официјален наслов:Therapeutic Application of Pineapple Protease (Bromelain)

Заклучоци:

Резултати од студии покажуваат дека ензимот бромелаин има потенцијал да се користи како антивирусно средство. Бромелаинскиот ензим може да предизвика некои оштетувања на вирусните мембрани,односно на нивните протеини како едни од вирусните структурни компоненти. На тој начин овој вирус,односно неговиот надворешен слој,е оштетен со протеолитички активисти. Таквиот вирус ја губи својата способност да се репродуцира и ќе биде уништен.

Поради овие позитивни ефекти на бромелаинот, тој се почесто се користи како антивирусно средство против вирусно заболување, вклучувајќи Ебола, ХИВ/СИДА, хепатитис Ц и ХПВ. (4)

За детален опис следи го линкот:

https://medwelljournals.com/abstract/?doi=jeasci.2018.3125.3130

https://www.researchgate.net/publication/26563756

 

Екстракт од кора од француски приморски бор (Pine Bark Extract). Антиоксидантите во екстрактот од кора од бор се биофлавоноиди, катехини, епикатеини, процијанидини и фенолни киселини. Некои од овие антиоксиданти се уникатни и можат да се најдат само во кората од францускиот приморски бор. Антиоксидантната моќност на екстракт од кора од француски приморски бор е иста како витамин Ц, витамин Е, алфа липоична киселина и коензим Q10. Екстракт од кора од бор му помага на телото да го регенерира витамин Ц назад во активна форма во телото, спречувајќи го неговиот недостиг. (4)

Студија објавена 2011

Официјален наслов:Pharmaceutical and nutraceutical effects of Pinuspinaster bark extract

Заклучоци:

Екстрактот од кора од француски бор има многу бенефити. Актуелно, тоа што е значајно е дека го чува интегритетот на респираторниот тракт:

Aлергии и астма: Екстрактот од кора од француски приморски бор е ефикасен за подобра контрола на знаците и симптомите на алергиска астма и ја намалува потребата за лекови.

ХОББ: Eкстрактот од кора од бор може да биде потенцијален третман за ХОББ, студијата покажа дека кај лица со ХОББ може да ja забави прогресијата на болеста. (4)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3203267/

Share this post