Научни сознанија 03

Научни сознанија 03

Научни сознанија:

Витаминот А првично беше наречен „антиинфективен витамин“ заради неговата важност во нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Кожата и мукозните клеткикои ги обложуваат дишните патишта, дигестивниот тракт и уринарниот тракт функционираат како бариера и ја формираат првата линија на одбрана на телото од инфекција. Витамин А е важен за одржувањето на мукозниот интегритет и диференцијацијата на имуните клетки. Исто така, за време на воспалението промовира конверзија на CD4 T-лимфоцити во Т-лимфоцити како одговор на инфекција. Постојат и значителни докази кои сугерираат дека витамин А може да помогне во спречување на развој на автоимуни заболувања. (3)

Заклучоци:

Витамин А е важен за мукозниот интегритет за дишните патишта и белите дробови.Витамин А е важен и за функционирање на сите имуни клетки,особено Т лимфоцитите кои се први во одбрана против вируси.Затоа, витаминот А може да биде ветувачка опција за третман и спречување на инфекција на белите дробови. (3)

За детален опис следи ги линковите:

Green HN, Mellanby E. Vitamin A as an anti-infective agent. Br Med J. 1928;2(3537):691-696.  (PubMed)

Raverdeau M, Mills KH. Modulation of T cell and innate immune responses by retinoic Acid. J Immunol. 2014;192(7):2953-2958.  (PubMed)

 

Витаминот Д3 игра многу важни улоги во нашето тело, вклучително и промовирање на здравјето и функција на нашиот имунолошки систем. (3)

Научните истражувања сугерираат дека суплементација со витамин Д3 може да заштити од респираторни инфекции, особено кај оние кои имаат недостаток на витамин Д и кај повозрасни лица. (3)

Студија објавена на 19.5.2014

Заклучоци:

Витаминот Д3 е ветувачки суплемент за превенција од респираторни инфекции. Витаминот Д3 значително го намалува ризикот од лабораториски потврдени респираторни инфекции и може да го намали ризикот од клинички инфекции. (3)

За детален опис следи го линкот:

 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4041358/

 

Витаминот Е е липосолубилен антиоксиданс кој може да ги заштити полинезаситените масни киселини (PUFAs) во клеточните мембрани од оксидација, да го регулира производството на реактивни видови кислород (ROS) и реактивни азотни видови (RNS). Освен како моќен антиоксиданс кој ја штити клеточната мембрана на имуните клетки, важен е и за нивната активност. Имуномодулаторни ефекти на витамин Е влијаат врз функцијата и регулирањето на дендритичките клетки (ДК), макрофагите, клетките природни убијци (НК), Т-клетките и Б-клетките. (3)

Официјален наслов: The Role of Vitamin E in Immunity

Кај луѓето, многу студии пријавиле зголеменo размножување на лимфоцитите како одговор на митогена стимулација, засилена реакција на одложена хиперсензитивност (ДТ), зголемено производство на ИЛ-2 и намалено производство на ИЛ-6 со додаток на витамин Е. (3)

Заклучоци:

Имуномодулаторниот ефект на витамин Е се должи на:

  • Намалување на производството на PGE2 со инхибиција на активност COX2
  • Подобрување на ефикасно формирање на имунолошки синапси во Т-клетки и иницирање на сигнали за активирање на Т-клетки.
  • Модулација на балансот Th1/Th2.
  • Повисока активност на НК.
  • Промени во дендритичката функција како што зголемено производство на ИЛ-2 и намалено производство на ИЛ-6 и ИЛ-12. (3)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6266234/

 

Витамин Ц. Во написот објавен во кинескиот весник за заразни болести, медицинското здружение во Шангај одобри употреба на витамин Ц со голема доза како третман за хоспитализирани лица со COVID-19. (3)

Дозите кои се поголеми од дневни препорачани,се препорачува да се даваат I.V. за да се подобри функцијата на белите дробови, што може да помогне на  пациентот да не зависи од механичка вентилација.

Дополнително, прегледот од 2019 година откри дека и пер ос третман со висока доза на витамин Ц може да им помогне на лицата кои се примени на одделенија за интензивна нега,односно се намалува должината на престојот на интензивна нега за 8% и скратува времетраењето на механичката вентилација за 18,2%. (3)

За детален опис следи ги линковите:

https://www.nutraingredients.com/Article/2020/03/25/Hospital-turns-to-high-dose-vitamin-C-to-fight-coronavirus

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7110025/

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6521194/

https://mp.weixin.qq.com/s/bF2YhJKiOfe1yimBc4XwOA

 

Цинк e есенцијален микроелемент кој, покрај многубројните функции во човековиот организам, се таложи во епителните клетки и затоа спречува вирусите да се размножувaат во носната слузница и грлото (горниот респираторен систем). Исто така, може да ги спречи вирусите да се адхерираат во мукозните мембрани на грлото и носот. (3)

Студија објавена 4.11.2010

Официјален наслов: Zn2+ Inhibits Coronavirus and Arterivirus RNA Polymerase Activity In Vitro and Zinc Ionophores Block the Replication of These Viruses in Cell Culture

Заклучоци:

Инвитро Zn (2+) ефикасно ја инхибира РНК синтетазата на вирусот САРС-КоВ.

Инвитро Zn (2+) инхибира репликација и транскрипција на вирусот САРС-КоВ.

За детален опис следи го линкот:

https://doi.org/10.1371/journal.ppat.1001176

 

Бакар. При недостаток на бакар доаѓа до намалување на концентрацијата на интерлеукин 2, што резултира со редукција на Т- клеточна пролиферација.

Во случаи на сериозен недостиг на бакар бројот на неутрофили во периферната крв е намален, исто така намалена е и нивната способност да генерираат супероксид анјон и да ги убиваат ингестираните микроорганизми. (3)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9587153

 

Селен претставува есенцијален микроелемент. Во организмот се наоѓа во траги. Селен е составен дел на повеќе од дваесетина селенопротеини кои играат клучна улога во преку 200 ензимски реакции.Селен е есенцијален за метаболизам и синтеза на тиреоидни хормони и најважен за правилна функција на тироидната жлезда. Селен преставува и моќен имуностимулатор. (3)

Студија објавена септември 2018

Официјален наслов: Селен, селенопротеини и имунитет

  • Селен (Se), основен елемент во траги,  заедно со витамин Е, се важни медијатори за заштита од оксидативен стрес. Неодамнешна студија покажа дека недостиг на Se или витамин Е резултира со зголемена вирусна патогеност и изменета имунолошка реакција. Понатаму, недостиг на Se или витамин Е резултира со специфични вирусни мутации, менувајќи ги релативно бенигните вируси во вирулентни.

Заклучоци:

Селен е исклучително важен елемент во човековиот организам со директно антиоксидативно дејство и е есенцијален за оптимална имунолошка функција. Влегува и во структурата на селенопротеините, како глутатион пероксидаза 1 и 4. Глутатион пероксидаза, еден од најмоќните антиоксиданси,претставува ензим кој се наоѓа во имуните клетки. Доколку имаме ниско ниво на Селен,вирусите се повирулентни. (3)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6163284/

 

Цитрусните биофлавоноидите се природна и разновидна група на соединенија со докажани антихипергликемични, антихиперлипидемични, антикарциногени, нефропротективни и хепатопротективни активности. Најпознати се кверцетин, хесперидин, хесперитин, нарингин, диосмин, рутин, нобилетин и тангретин. Преку намалувањето на оксидативниот стрес директно и индиректно превенираат патогенеза на многу хронични заболувања. (3)

Официјален наслов: Anti-inflammatory effects of flavonoids

Заклучоци:

Неодамнешните студии покажаа дека флавоноидите можат да ги инхибираат регулаторните ензими или факторите на транскрипција, важни за контролирање на медијаторите вклучени во воспалението. (3)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/31288163

Кверцетин е биофлавоноид кој покажува антиинфламаторна способност.

Студија објавена  15.12.2006

Официјален наслов: Binding interaction of quercetin-3-beta-galactoside and its synthetic derivatives with SARS-CoV 3CL(pro): structure-activity relationship studies reveal salient

Заклучоци:

Кверцетин,како биофлавоноид,има антивирусно дејство против САРС-КоВ. Се претпоставува дека директно ја инхибира ензимската активност на 3C-протеаза (3CLpro) на вирусот  САРС-КоВ. (3)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17046271

Студија објавена 30.3.2020

Официјален наслов: COVID-19 and chronological aging: senolytics and other anti-aging drugs for the treatment or prevention of corona virus infection?

Заклучоци:

Студијата посочи дека кверцетинот може да ја искористи својата антивирусна активност преку интеракција со вирусен ХА протеин и може да ги блокира „ACE2 рецепторите“ на клетките на кои се прицврстува коронавирусот што предизвикува COVID-19, и да го инхибира влезот на вирусот во клетката. (3)

За детален опис следи ги линковите:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/32229706

https://www.mcgill.ca/oss/article/health/quercetin-take-or-not-take

 

Коензим Q10 е липосолубилен антиоксиданс. Витамин Е и коензим Q10 се главните антиоксиданти растворливи во масти кои се наоѓат во клеточните мембрани и липопротеините. Може да ја заштити клеточната мембрана и ДНК на имуните клетки и може да ја поттикне нивната активност. (3)

Антиоксидантни функции:

Коензимот Q10 е ефикасен антиоксиданс кој ги штити клеточните мембрани и липопротеините од оксидација. Присуството на значителна количина на CoQ10 во клеточните мембрани ја поддржува идејата дека CoQ10 е важен мобилен антиоксидант. Откриено  е декаCoQ10 ја инхибира пероксидацијата на липидите. Коензим Q10 може да ги заштити мембранските протеини и митохондријалната ДНК од оксидативното оштетување. (3)

За детален опис следи ги линковите:

Nohl H, Gille L. The role of coenzyme Q in lysosomes. In: Kagan VEQ, P. J., ed. Coenzyme Q: Molecular Mechanisms in Health and Disease. Boca Raton: CRC Press; 2001:99-106.

Navas P, Villalba JM, de Cabo R. The importance of plasma membrane coenzyme Q in aging and stress responses. Mitochondrion. 2007;7 Suppl:S34-40.  (PubMed)

 

Каротеноидите се жолти, портокалови и црвени пигменти што ги синтетизираат растенијата. Најчестите каротеноиди во храната се α-каротен, β-каротен, β-криптоксантин, лутеин, зеаксантин и ликопен. Провитамин А каротеноиди, α-каротен, б-каротен и β-криптоксантин се претвораат во ретинол (витамин А). (3)

Имунолошка функција

Бидејќи витаминот А е неопходен за нормална функција на имуниот систем, се утврдува дека ефектите на каротеноидите како провитамин А се поврзани со активност на витамин А и имунолошката активност.Некои клинички испитувања откриле дека со суплементација со β-каротен се подобруваат неколку биомаркери на имунолошката функција. (3)

 

Екстракт од кора од француски приморски бор (Pine Bark Extract). Антиоксидантите во екстрактот од кора од бор се биофлавоноиди, катехини, епикатеини, процијанидини и фенолни киселини. Некои од овие антиоксиданти се уникатни и може да се најдат само во кората од францускиот приморски бор. Антиоксидантната моќност на екстракт од кора од француски приморски бор е иста како витамин Ц, витамин Е, алфа липоична киселина и коензим Q10. Екстракт од кора од бор му помага на телото да го регенерира витамин Ц назад во активна форма во телото, спречувајќи го неговиот недостиг. (3)

Студија објавена 2011

Официјален наслов:Pharmaceutical and nutraceutical effects of Pinus pinaster bark extract

Заклучоци:

Екстрактот од кора од француски бор има многу бенефити.Актуелно, тоа што е значајно е дека го чува интегритетот на респираторниот тракт:

Aлергии и астма: Екстрактот од кора од француски приморски бор е ефикасен за подобра контрола на знаците и симптомите на алергиска астма и ја намалува потребата за лекови.

ХОББ: Eкстрактот од кора од бор може да биде потенцијален третман за ХОББ, студијата покажа дека кај лица со ХОББ може да ja забави прогресијата на болеста. (3)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3203267/

 

Ресвератрол припаѓа на групата полифеноли. Овој природен полифенол е откриен во повеќе од 70 растителни видови. Особено се наоѓа во голема количина во кожата и семето од грозјето. (3)

Антиинфламаторна активност на ресвератрол:

Ресвератролот е не-азотeн полифенол со антиинфламаторно дејство. Антиинфламаторната активност  се должи на неговата способност да ја инхибира активноста на проинфламаторните процеси на COX-1 и COX-2 преку инхибиција на активноста на  факторите на транскрипција, директно вклучени во регулацијата на активности на COX Антиинфламаторната активност се должи и на инхибиција на проинфламаторниот фактор NF-kB. (3)

За детален опис следи го линкот:

 Kong F., Zhang R., Zhao X., Zheng G., Wang Z., Wang P. Resveratrol raises in vitro anticancer effects of paclitaxel in NSCLC cell line A549 through COX-2 expression. Korea. J. Physiol. Pharmacol. 2017;21:465–474. doi: 10.4196/kjpp.2017.21.5.465. [PMC free article] [PubMed] [CrossRef] [Google Scholar]

 

Антимикробна активностна ресвератрол:

Ресвератрол, покрај горенаведените биолошки активности, е познат и по неговата способност да го инхибира растот на некои патогени микроорганизми, како што се Грам-позитивни и Грам-негативни бактерии и габи.

Се покажа дека ресвератролот ефикасно го спречува и растот на Candida Albicans.

Антибактериска активност против Грам-позитивни бактерии се должи на неговото бактериостатско дејство. Сепак, механизмот сеуште не е јасно разбран.

Ресвератрол исто така може да влијае на патогените клетки со промени во морфологијата и содржината на ДНК. Односно, може да доведе до фрагментација на ДНК на Ешерихија коли. (3)

За детален опис следи го линкот:

Weber K., Schulz B., Ruhnke M. Resveratrol and its antifungal activity against Candida species. Mycoses. 2011;54:30–33. doi: 10.1111/j.1439-0507.2009.01763.x. [PubMed] [CrossRef] [Google Scholar]

Paulo L., Ferreira S., Gallardo E., Queiroz J.A., Domingues F. Antimicrobial activity and effects of resveratrol on human pathogenic bacteria. World J. Microbiol. Biotechnol. 2010;26:1533–1538. doi: 10.1007/s11274-010-0325-7. [CrossRef] [Google Scholar]

Share this post