Научни сознанија 02

Научни сознанија 02

Статии и научни сознанија

Статии:

Поради најразлични причини, некои лица немаат ментални ресурси да се справат лесно со стресот кој е својствен за време на пандемија. Токму поради тоа треба да се посвети посебно внимание на менталното здравје кај населението, со цел последиците да бидат што помали. (2)

Први кои посериозно посветија внимание на овие состојби, кои ги нарекоа “нормални” и исто толку и сериозни, се властите во Канада.

Владата во Квебек, Канада

Објавено на  9.април 2020

Официјална објава:

Можни се различни реакции во контекст на пандемија на коронавирус (COVID-19).

Тековната пандемија на коронавирус (COVID-19) е посебна и ретка состојба. Може да влијае на луѓето физички, но и психички. Во овој контекст, многу луѓе ќе доживеат реакции на стрес, вознемиреност и депресија. Ова треба да се гледа како алатка која може да ви помогне да ги минимизирате последиците од овие видови реакции. (2)

Може да се појават:

Физички симптоми: главоболки, напнатост на вратот, гастроинтестинални проблеми, проблеми со спиењето, слаб апетит, пониска енергија, замор.

Психолошки и емотивни симптоми: загриженост и несигурност поврзанa со вирусoт, чувства на презаситеност од настани, немоќност, негативно гледање на нештата, чувства на обесхрабрување, несигурност, тага, лутина и др.

Промени во однесување: тешкотија во концентрирањето, раздразливост, агресија, плачење, повлекување, изолираност, тешкотија во донесувањето одлуки, зголемена употреба на алкохол, лекови и др.

За детален опис следи го линкот:

https://www.quebec.ca/en/health/health-issues/a-z/2019-coronavirus/stress-anxiety-and-depression-associated-with-the-coronavirus-covid-19-disease/

 

Научни сознанија:

  • 5-Хидрокситриптофан може да помогне кај симптоми на депресија.

Ефектите на 5-Хидрокситриптофан врз симптомите на депресија се добро проучени. Неговиот антидепресивен ефект е научно потврден уште во 1972 година. 5-Хидрокситриптофан се смета дека може да ги подобри симптомите што се јавуваат во состојба на депресија со зголемување на нивото на серотонин. (2)

За детален опис следи ги линковите:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/4596091

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/11869656

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/4556909З

 

  • 5-Хидрокситриптофан може да помогне во намалување на фреквенцијата на мигренозни болки.

Некои истражувачи веруваат дека мигрените се предизвикани од ниското ниво на серотонин. (2)

Една студија кај 124 лица ја спореди можноста на 5-Хидрокситриптофан и метисергид, вообичаен лек за мигрена. Откриено е дека суплементација со 5-Хидрокситриптофан  дневно во тек на шест месеци спречила или значително го намалила бројот на напади на мигрена кај 71% од учесниците. (2)

Во друга студија кај 48 студенти, 5-Хидрокситриптофан  придонесе за 70% намалување на фреквенцијата на главоболка, во споредба со 11% намалување кај плацебо групата.

За детален опис следи ги линковите:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/3536521

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/7034490

 

  • 5-Хидрокситриптофан може да го промовира спиењето со зголемување на производството на мелатонин.

Мелатонин игра важна улога во регулирањето на спиењето. Нивото на мелатонин почнува да расте во вечерните часови за да го промовира спиењето. (2)

Една студија покажа дека комбинацијата на 5-Хидрокситриптофан  и гама-аминобутерна киселина (ГАБА) значително го намалува времето кое е потребно да се заспие, го зголемува времетраењето на спиењето и го подобрува квалитетот на сонот. ГАБА е хемиски гласник што промовира релаксација. Комбинирањето со  5-Хидрокситриптофан веројатно има синергистички ефект. (2)

За детален опис следи го линкот:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19417589

Share this post