Моето искуство со Livercare, Health Aid

Моето искуство со Livercare, Health Aid

Моето прво искуство и запознавањето со Livercare таблетите датира од 2012 година. Искуството е најпозитивно за ефектите од користењето на овој хепатопротективен отц препарат. Ефектот од неговaта прва примена не ми остави простор да пробам и да експериментирам со било кој друг хепатпопротективен препарат. Хербалниот состав на Livercare таблетите на HealthAid беше причина за нормализирање на хепатограмoт во рок од еден месец, со почетни вредности на АСТ 680, АЛТ >1000, ГГТ 540 за на контролна лаб по еден месец сите три параметри да се нормализираат комплетно и да влезат во реферeнти вредности. Дополнителна причина за мојата верба во овој препарат во тој момент беше претходната примена на препарат- урзодезоксихолна киселина во период од 6 месеци, со цел да се нормализира ггт и трансаминазната активност, при што за цел тој период вреднoстите на аст, алт, ггт беа минимум десеткратно над нивната нормална вредност и покрај редовното користење на урзодезоксихолна киселина. За еден месец со таблетите Livercare, користејќи ги два пати на ден по две таблети, лабараториските вредости на аст, алт, ггт беа неверојатни, комплетно нормални, одлични!

Livercare-Healthaid-iskustvo

Искуството со таблети Livercare во мојата амбулантска пракса како специјалист по интерна медицина започнува од првиот работен ден, односно веќе една и пол година тоа е хепатотротективот број еден кој јас го препишувам на своите пациенти. Практично да не постоело пациент со покачена хепатална –трансаминазна активност а да немал ефекти односно нормализирање на вредностите на ензимите аст, алт. Етиолошки гледано постојат многу причини за зголемена хепатална ензимска активност, но во сите случаи доаѓа до лезија на хепарот, односно хепатоцитот. Причините се многу, почнувајќи од секојдневната примена односно злоупотреба на лекови, кои имаат страничен (несакан) хепатотоскичен ефект, храната која е содржи исто така многу хепатотоксични материи (стабилизатори, ароми, вештачки бои, пестициди), алкохол, енергетски пијалоци, вирусни инфекции, состојби по хеморадиотерапија, малигни болести, трансплантација на органи и коскена срцевина. Навистина е многу широка етиолошката палета за покачени хепатални ензими, а тоа е така затоа што хепарот претставува еден од најголемите човечки органи и со право се нарекува ,,централна лабораторија” на човековото тело. Тоа значи дека тој има многу функции, метаболна, синтетска, екскреторна ендокрина, имунолошка и регенераторна. Бројноста на функциите на црниот дроб ја објаснува широката палета на етиолошки причини кои можат примарно да засегнат било која функција и да доведат до негово оштетување и лабораториско покачување на неговите ензими, аст и алт кои најчесто се следат во амбулантската интернистичка пракса. Моето интернистичко искуство до сега во интернистичката амбуланата зборува дека секоја од горе наведените причини се појавила како предизивкувач на покачени хепатални ензими, но најголем процент отпаѓа на етилошки фактори кои ја нарушуваат неговата метаболна и екскреторната функција, (последично со тек на време страдаат сите функции, затоа што се зависни една од друга)- храна, алкохол, предијабетес и дијабетес, инсулинска резистенција, метаболен синдром и дислипидемии, лекови, вируси, малигнитети, примарни малигнитети, секундарни метастатски депозити.

Livercare-Healthaid-iskustvo

Во тек еден мој работен ден потреба од хепатопротектив од вкупно прегледани 20-25 пациенти е минимум кај 5-8 пациенти. Просек на вредостите на ензимите кај сите пациенти со зголемена вредност е околу 190 за аст и 220 за алт (максимум 400 минимум 54 за алт и максимум 360 минимум 40 за аст).
Кај сите се ординирани таблети Livercare, во зависност од нивото на покачување (вредноста) на аст и алт препорачувам да се зема во период од еден до три месеци, по еднаш до два пати на ден по оброк. Контролните лаборатории практично кај сите пациенти кои го користеле според препораката се нормализирани.
Најчести состојби со кои имам искуство и ги среќавам секојднево во мојата амбулантска интернистичка пракса и каде задолжително го препорачувам, и сметам дека е индициран се: дисметаболен синдром со (лесно покачени липиди, нарушена вредност на гликемија-FPG/PPG, и зголемена вредност на аст и алт), стеатоза неалкохолна, алкохолен хепатит, дијабетес, хиперлидемии, алкохолни интоксикации и абузус, мамурлак кај млади луѓе поради сјајниот детоксифицирачки ефект на Livercare, состојби по хемо-радиотерапија, хронична употреба (злоупотреба) на хепатотоксични лекови (цитосатици, имуносуперсиви, кортикостероиди, орални контрацетиви, аналгетици-нсаил-парацетамол), состојби по трансплантација на органи и коскена срцевина.
Во сите погоре наведени ситуации каде сум го ординирала Livercare, покажал одлични ефекти односно нормализирање на лабораторијата (аст, алт, ггт) и губиток на најчестите лесни субјективни тегоби (нелагодност во десен фланк) на кои се жалат пациентите.

Моето лично и искуство како интернист со отц хепатопротективните таблети Livercare зборува дека и натаму останува да биде број еден хепатопротективен препарат во мојата секојдневна интернистичка амбулантска пракса, поради одличниот ефект (нормални аст, алт), и поради тоа што има многу индикации (морбидитети) каде можам да го ординирам. До сега не сум имала ниту еден несакан ефект и слободно можам да го давам кај популацијата која ја посетува интернистичката ординација (возрасни над 16 години).

Др. Елизабета Попоска
спец по интерна медицина

Share this post