L-Theanine и многуте придобивки од редовно пиење чај

L-Theanine и многуте придобивки од редовно пиење чај

Постојат повеќе причини зошто пиењето чај е омилена работа за некои луѓе- аромата, вкусот на чајот како и топлината која ја дава за време на зимските денови. Но ако не сте од љубителите на чај прочитајте ги овие причини зошто чајот му годи на вашето тело и следниот пат наместо кафе, уживајте во чаша топол чај.

Една од најпроучуваните состојки во чајот е L-Theanine, аминокиселина за која разни истражувања докажаа дека е од  огромно значење за вашето тело и е погодна за:

  • Балансирање на циклусите на спиење
  • Намалување анксиозност
  • Смиреност и подмладување
  • Намалување на ментален и физички стрес
  • Подобрување на когнитивност и расположение во синергија со кафетинот

L-Theanine е откриен во зелениот чај во 1949та година за потоа да се открие дека е присутен и во црниот и во Моринга чајот.

Помага во успорување на ефектот на кофеинот. Во едно истражување 11 луѓе кои редовно пијат кафе и 10 кои редовно пијат чај, конзумирале по 600мл кафе или црн чај дневно.Кај оние кои пијат чај анализата покажала присуство на анти-бактериски протеини 5 пати повеќе отколку кај оние кои пиеле кафе.

Во друго истражување на учесниците им е давано по 25мг L-Theanine дневно и забележано е зголемено присуство на тета бранови во хипоталамусот карактеристични за подобрена когнитивност и меморија.

Кои чаеви содражат L-Theanine?

  • Стандарден зелен чај има 5мг L-Theanine по шолја.
  • Gyokuro и matcha чаевите имаат 46мг по шолја.
  • Црниот чај има 46мг по шолја

Споделете ја оваа објава