АКАИ БОБИНКА – Бразилска енергетска бомба

АКАИ БОБИНКА – Бразилска енергетска бомба

Бразилско овошје, слично на боровинката, но со многу поголема концентрација на антиоксиданси. – Ги ослободува отровите и вишокот на течности од организмот, и на тој начин го штити здравјето, виткоста и младоста.
„Супер храна“, „плод на боговите“, „енергетска бомба“. Тоа се епитетите што се употребуваат кога се зборува за акаи бобинката. Акаи бобинката е мала, има темновиолетова боја и расте само во Бразил како плод на посебен вид на палми во Амазонската прашума. Има комбиниран вкус на чоколадо и боровница, а тајната на овој бразилски деликатес е во големата концентрација на антиоксиданси. Кај нас, за жал не можеме да ја набереме, Бразил ни е далеку, ама нејзиното благотворно дејство можеме да го почувствуваме преку внесување на додатоци на исхраната што содржат акаи бобинка.

Плодот може да се спореди со боровинка и тоа по изглед, вкус и по боја. За разлика од боровинката, акаи има за седум пати посилна антиоксидативна активност и дури 10 пати повеќе од црното грозје кое е едно од најсилните природни антиоксиданси во светот. Содржи и аминокиселини. Од тие аминокиселини, 19 видови ги има во јајцата,а во акаи има и масни киселини какви што има во маслиновото масло. Содржи и растителни влакна поради што ова овошје е со ниска енергетска вредност, а со голема хранлива вредност. Во 100 грама акаи има 45 грама растителни влакна, а тоа го нема во ниту едно друго овошје. Познато е дека омега масните киселини се многу важни за здравјето. Ова бразилско овошје ги содржи и нив, а има и монозаситени масни киселини. Акаи ги содржат витамините Б1, Б2, Б3, Е и А, и минералите – магнезиум, бакар, цинк, калиум..
Всушност, околу 10 отсто во составот на бобинката и припаѓа на целулозата која е многу корисна за дигестија на храната, а 90 отсто се ситни семки. Сето ова е клучно за забрзување на метаболизмот и тоа за четири пати, а носи и многу други благодети. Најдобро е да се јаде само кората и плодот.

Што велат нутриционистите?
Нутриционистите низ целиот свет признаваат дека ова овошје има неверојатен ефект – не влијае директно на губење на тежината, но со подобрување на работата на цревата, ги ослободува отровите и вишокот на течности од организмот, а со тоа директно влијае врз топењето на масните наслаги. Резултатите се видливи после десет дена интензивно користење, а сепак, станува збор за нормално природно поттикнување на организмот. Експертите препорачуваат здрава исхрана и физичка активност за да ги придобиете позитивните влијанија од акаи бобинката. Акаи бобинката може да спречи развој на хронични кардиоваскуларни заболувања и на дијабетес. Ако се користи во доволни количества, влијае исклучително позитивно и на кожата, а подмладувањето станува видливо. Ако се одлучите вашата исхрана да ја дополните со оваа бобинка, дневната препорачана доза е од 1000 до 4000 милиграми, а тоа сепак, е многу малку во споредба со количеството што го консумираат Бразилците, бидејќи кај 42 отсто од населението на Бразил, нивната исхрана се базира на ова овошје.

Во народната медицина на Бразилците, маслото од акаи се користи за лекување на дијареа,а коренот за подобрување на крвната слика и против жолтица. Кората на овошката е добра за лекување на чиреви, а од семките се прави чај при зголемена телесна температура. Есенцијата од коренот се користи и против маларија, хепатитис, дијабетес, ќелавост, крварење, болести на бубрезите, менструални болки и болки во коските.

Скап производ
Мора да се нагласи дека акаи бобинката е скап прехранбен производ. Освен тоа, познат е и фактот дека продавачите често знаат да направат и разни лукавства во врска со него. Сокот од акаи го мешаат со вода и додаваат сок од грозје и боровинка, а со тоа се намалува дејството на акаи бобинката. Пилулите и капсулите со квалитетен состав имаат позитивен ефект.
Благодарение на многубројните позитивни ефекти, денес, во светот, се продаваат голем број на еликсири на младоста, средства за слабеење и за враќање на виталноста кои се направени од акаи бобинка. Во рекламите за акаи бобинките се вели: ако сакате да го доведете вашето тело до совршенство, да изгледате млади, да го зголемите вашето либидо, да спречете многу болести и да ја подобрите вашата меморија – јадете акаи бобинки.

ПОЗНАТИТЕ И АКАИ БОБИНКАТА
Светски познатите личности одамна ги консумираат акаи бобинките во вид на сок или капсули. Американската ТВ водителка Опра Винфри вели дека откако во својата исхрана внела акаи, за период од една година ослабела 20 килограми и тоа без никаква мака. Исто така, вели и дека со помош на акаи бобинката го стабилизирала својот долгогодишен проблем со тироидната жлезда. „На почетокот бев скептична, но, после неколку месеци се воодушевив од ефектот“, изјавува Опра. Таа вели дека секому би му го препорачала ова овошје дури и да нема никаков здравствен проблем. Според неа, може да се користи и како додаток на исхраната и прави човекот да се чувствува добро. Потврдува дека во таа мала овошка се крие неверојатна моќ што на најприроден начин го забрзува метаболизмот.

Ниту мажите не се имуни на акаи бобинката. Бред Пит, на пример, е страстен консумент на ова јужно американско овошје. Тој поради некоја улога во филм имал задача да ослаби. „Морав за кратко време да изгубам пет отсто од тежината. Со личен тренер се подготвував за улогата, а ми беа потребни и мускули. По препорака на моите нутриционисти, користев акаи бобинка за да ми ги стопи масните наслаги, а од друга страна и за да ми даде енергија. Мене ми успеа.“, вели славниот актер.
Акаи бобинката е речиси неопходен додаток во исхраната на спортистите. Многу од нив признаваат дека полесно ги поднесуваат тренинзите и редат успеси на борилиштата. Бразилскиот спортист Ројс Грејси вели дека ова виолетово овошје му дава многу енергија и дека се чувствува подготвен и за најнапорните тренинзи.

AcaiAce™ капсулите можат да се земаат на дневна основа и да помогнат во поддршка на имунитетот, општото здравје и благосостојбата на организмот.
Помага во одржувањето на здрава телесна тежина, поддржува здрав раст, игра клучна улога во одржување и поправка на телесните ткива, помага да се неутрализираат слободните радикали и го штити срцето и другите телесни системи од оштетување поради оксидативните процеси.

Споделете ја оваа објава