Aлергиски конјуктивит

Aлергиски конјуктивит

Клиничката слика на алергиски конјунктивит (АК) се карактеризира со појава на чешање, солзење и црвенило на очите и оток на очните капаци. Кај сезонскиот алергиски конјунктивит (САК) симптомите се појавуваат во определен период од годината, односно во пролет кога доминираат аерогените алергени како што е поленот од дрвјата и/или во лето кога доминира полен од тревите и плевелите.

Луѓето со САК немаат симптоми во зимските месеци и во постудени климатски услови поради намалената концентрација на овие алергени во воздухот. Кај целогодишниот алергиски конјунктивит (ЦАК), симптомите се присутни во текот на целата година. Најчести аероалергени во овие случаи се Dermatophagoides pteronyssinus, аероалергените од домашните миленици (мачка, куче и др.), аероалергените од некои мувли и др.

Третманот на алергиски конјунктивит е нефармаколошки и фармаколошки. Нефармаколошката третман се состои од мерките на примарната превенција, односно контрола на средината (експозициска профилакса) коишто во повеќето случаи имаат ограничени ефекти. Фармаколошкиот третман на АК се состои од примена на антихистаминици и антиинфламаторни средства. Системските и локалните антихистаминици се најчесто применуваните лекови во третманот на АК. Тие ги ублажуваат клиничките симптоми со блокирање на хистаминските рецептори. За намалување на конјуктивалната хиперемија, обично се користат комбинирани препарати кои содржат локални антихистаминици и вазоконстрикторни средства. Најважни антиинфламаторни лекови во третманот на АК се динатриум кромогликатот и недокромил натриумот. Антиинфламаторни ефекти имаат и нестероидните антиинфламаторни лекови преку инхибирањето на продукцијата на простагландините. Кортикостереоидите поради своите несакани ефекти (појава на секундарни инфекции, покачен интраокуларен притисок и катаракта) се препишуваат само за краткотраен третман кај тешките случаи коишто не реагираат на конвенционалниот третман.

Allergforte од HealthAid содржи есенцијални витамини и растителни состојки за лица со чести алергиски манифестации. Allergforte помага за одржувањето на здрав имун систем.

Allergforte® содржи внимателно одбрани природни состојки за борба против симптомите на вообичаените алергии и поддршка на имунолошкиот систем, особено при промена на годишните времиња. Не предизвикува поспаност.
Информирајте се повеќе за овој производ тука.

Споделете ја оваа објава