8 Златни правилa за нега на кожата

8 Златни правилa за нега на кожата

На сите ни е познато дека блескавата, убавата и негувана кожа на лицето има волшебен сјај и не подмладува. За кожата да ни остане таква подолго време потребно е да се избегнат некои од најчестите грешки при нејзината нега.

Правилна нега на кожа

Првиот и најважен чекор во негата на кожата е одржување на здрава кожа. Иако, многумина немаат време да посветат внимание за негата на кожата, сепак и преголемата нега може да даде спротивен ефект. Можеби вие во текот на негувањето на кожата сте направиле некои од најчестите грешки и наместо да уживате во младешкиот изглед се борите со бројните непријатности. Еве неколку упатства како да ги отстраните најчестите грешки.

Не следете го трендот, информирајте се

Козметичката индустрија не опсипува со многу прекрасни, сјајни и интересно обликувани пакувања со кремови од различни брендови, наменети за нега на кожата, а агресивниот маркетинг не нé остава имуни, не дозволува да им оддолееме. Но, во секој случај треба да бидеме внимателни, без разлика на убавата амбалажа и привлечниот мирис, прашање е дали навистина против брчки е најдобро да се користи хидрокси киселина, ретионоиди и пептиди. Салицилната киселина е многу добра за отстранување на акни, зелениот чај го ублажува црвенилото на кожата, а витаминот К ги брише темните кругови околу очите.

Внимавајте кој тип на кожа имате

Како старееме кожата станува се посува и се почувствителна на надворешните влијанија. Затоа е можно производите кои моментално ги користите да не бидат секогаш добри за вашата кожа и за пет или 10 години. Повеќето жени кои се одлучуваат да купуваат препарати за кожа, задолжително треба да прочитаат на етикетата дали се тие препарати за сува, мрсна или за комбинирана кожа. Но, тоа не е доволно, дерматолозите препорачуваат при купување да се земат во предвид и влијанијата врз брчките, акните, исфрлање (приштот) и црвенилото на кожата.

Против брчките делувајте што поскоро

Ако имате 20 години и немате проблем со брчките, тоа не значи дека не треба да дејствувате во спречувањето на нивната појава. Дерматолозите советуваат со нега на кожата против брчки да се започне на млади години. Настанувањето на длабоки и воочливи брчки најлесно ќе можете да го спречите доколку на првиот знак на настанување на брчки започнете да користите серуми и лосиони кои содржат мешавина на пептиди.

Не заборавајте – заштитите го секој сантиметар од вашата кожа од УВ зрачење.

На сите нас ни е познато колку е лошо влијанието на сончевите зраци врз кожата. Изложувањето на кожата на сончеви зраци, особено во летниот период може сериозно да ја оштети кожата и да ви одземе неколку години од вашата младост. Затоа е препорачливо доколку се изложувате на сонце да користите лосион со висок фактор за заштита од сонце и паралелно оптимално да се хидрира. Дерматолозите препорачуваат да се заштитат лицето, вратот, рацете и градите со фактор 30, а потоа да се излезе надвор.

Кремите за нега на кожа- користете ги правилно и во правилно време.

Кога правилно се користат производите наменети за нега на кожа може да имаат и позитивно влијание ако ги користите во правилно време. Дерматолозите препорачуваат користење на препарати кои влијаат антиоксидантно рано наутро за да ја заштитите кожата во текот на целиот ден. Лосионите и препаратите со колаген се користат во текот на ноќта за да може кожата да ги обнови клетките.

Не избегнувајте користење на ретиноиди

Дерматолозите тврдат дека ретиноидите во мали количества имаат одлично влијание во обновување на клетките на кожата. Не смее да се заборави дека ретиноидите се агресивни по природа, но денешните производи кои содржат ниска концентрација се прилично благи спрема кожата. Кај осетливата кожа, препаратите со ретиноиди може да се нанесуваат секоја втор ден, навечер.

Акните се лечат и во повозрасна доба

Акните кои ве мачат во тинејџерските години не се еднакви со оние во второто или третото десетлетие од животот. Тинејџерските исфрлања (приштови) настануваат поради зголемено лачење на маснотии од кожата. Додека, акните во подоцнежната возраст настануваат поради стрес, хормонско пореметување и осетливост на кожата. Затоа спрема тие пореметувања треба да се пристапи сериозно и да се лекуваат на разни начини. Се препорачува во средната возраст да се користат препарати со салицилна киселина за хидратизирање на кожата, потоа производи кои имаат додаток на соја за чистење на кожата, а потребно е да се намалат производите во кои има бензил пероксид , кој во својата борба против акните премногу ја суши кожата.

Споделете ја оваа објава