5 начини како да го зголемиме нивото на хормонот на среќа

5 начини како да го зголемиме нивото на хормонот на среќа

Иако сератонинот се смета за хемикалија на мозокот, поголемиот дел од овој неуротрансмитер се создава во дигестивниот тракт. Сератонинот има огромно влијание врз расположение, емоции, меморија, апетит, болка, мирен сон, дигестија па дури и регулација на температурата на телото.

Често се нарекува „хормон на среќа“ особено затоа што неговото создавање се зголемува кога сме изложени на природна светлина.

Ајде да погледнеме како може да се осигураме дека нивоата на сератонин ни се високи

  1. Зголемена консумација на 5-HTP

    Дериватив на триптофан и еден чекор поблизу до сератонин, 5-Hydroxytryptophan (5-HTP) е докажано дека е поефикасен од триптофан во справување со несоница, депресија и анксиозност.

  1. Смирете го мозокот со Б витамин

    Препорачано е да си имате Б-комплекс до вас во време на стрес. Големи количини на Б6 и Б12 се поврзани со намалување на симптоми на депресија посебно кај постари лица. Витаминот Б6 го стимулира и производството на сератонин во мозокот.

  2. Насмевнете се со коренот St. John’s Wort

    Оваа билка има докажани ефекти во ублажување на депресија. Состојките кои ги содржи имаат ефект на инхибитор спречувајќи го распаѓањето на сератонин во мозокот.

  3. Додадете инозитол во вашите смутија
    Природно присутен во многу прехранбени производи, некои истражувања покажаа дека инозитолот ја подобрува активноста на сератонинот во мозокот. Како суплемент е ефективен во  намалување на анксиозноста и депресијата како и подобрување на здравјето на нервниот систем. Многу е ефективен во смирување на нервниот систем кога се прима заедно со магнезиум.
  1. Следете ја светлината

    Најбрзиот начин да си го подобрите расположението е да рашетате на сонце па дури и на студен ден. Најмалку три кратки прошетки во текот на денот, почнувајќи рано наутро, може да направат чудо за вашето целодневно расположение.

Споделете ја оваа објава