10 Правила при појава на сезонски грип

10 Правила при појава на сезонски грип

  1. За време на епидемија на грип, доколу не сте сигурни дали сте заболени од настинка или грип, подобро е да дејствувате како да сте заболени од грип. Во екот на заболувањето голем број на луѓе се заразени од утврдените вируси на грипот. За разлика од настинката и останатите полесни инфекции, грипот бара побрза реакција, сериозно внимание и специфично лекување.
  2. Останете дома! Доколку херојски продолжите со работните обврски грипот со сигурност ќе ве турне во кревет. Одморот во кревет му помага на организмот полесно да се справи со заболувањето. При тоа и не е добро за околината вие да бидете главниот преносител на болеста.
  3. Немојте да ја мерите температурата со тоа што ќе се фатите за челото или, пак, доколку ви жежат образите. Задолжително вашата телесна температура мерете ја со топломер. При грип вообичаено температурата на телото е над 38,5 степени.
  4. Кога ќе ги насетите првите симптоми-треска, болки во телото, силна главоболка (особено во пределот на очните јаболчници), малаксаност, веднаш започнете да земате лекарства против грип. Доколку имате покачена температура земете антипиретици (средства кои ја намалуваат температурата) во комбинација со витамински препарати, со кои ќе ја зајакнете природната одбрана на организмот. Витаминот Ц е одлично природно анти-вирусно средство за кој истражувањата покажале дека може да ги олесни симптомите на настинка и грип бидејќи вирусите не можат да преживеат во крвоток заситен со витамин Ц.
  5. Внимавајте со лекарствата. Многу од различните прашоци и комбинирани препарати всушност содржат едни исти активни материи, затоа не е препорачливо да се земаат на своја рака и да се зголемува препорачаната дневна доза. Тие таблети и прашоци не го лекуваат само грипот туку ги ублажуваат и неговите симптом.
  6. Секоја повисока телесна температура не треба по секоја цена да ја симнете. Единствено, ако вредностите на топломерот покажуваат над 38 степени. Доколку топломерот покажува 39 степени тогаш е потребно да се преземат поактивни мерки за побрзо да се симне телесната температура. При грип освен лекарства користете и масажи. Триење со ладна вода (не со мраз), облечете влажни чорапи, ставете лед во најлонскo ќесe и ставете ја под пазувите. Традиционалниот начин мокрење на чорапи со оцет нема некој голем ефект.
  7. Пијте многу течности! Поради високата температура и потењето, организмот губи многу вода. Освен тоа, течностите му помагаат на телото да ги исфрли сите токсични материи од организмот кои се поврзани со вирусот на грип, а кои се наоѓаат во ткивата. Ако грипот е проследен и со повраќање, тогаш треба да се смири стомакот, во спротивно со примањето на течностите, уште повеќе го дразниме желудникот и повеќе би повраќале.
  8. Во првите денови на заболувањето немојте да земате антибиотици на своја рака. Антибиотиците се ефективни само при бактериско заболување, а не при вируси како што е грипот. Само лекар може да процени дали имате бактериско заболување, кое е потребно да се лечи со антибиотици. При тоа, примањето на антибиотици треба да биде комбинирано со пробиотични препарати кои ја заштитуваат цревната флора и го зајакнуваат имунитетот.
  9. Запознајте ги основните предзнаци на своите најчести заболувања и на време посетете го вашиот матичен лекар. При пневмонија кашлицата се задлабочува и при тоа се одделуваат жолто-зелени секрети, телесната температура не опаѓа или, пак, откако ќе има подобрување повторно ја губите силата и се јавува диспнеа (отежнато дишење). Доколку губите ориентација или, пак, премногу се возбудувате, тогаш се кочи вратот, ви смета светлина и звук, обилно повраќате (како „фонтана“). Овие симптоми може да се предзнак за менингитис. Доколку пак, имате забрзан пулс на срцето или нерамномерен пулс, постојано задишување и немате сила, најчесто овие се симптомите при миокардитис- вирусно воспаление на срцевиот мускул. Вообичаено секој може да ги препознае симптомите на воспаление на ушите, бидејќи болката е силна и веднаш одиме на лекар.
  10. За да не се соочите со овие грипозни симптоми или состојба на грип, препорачливо е во периодот на есента октомври-ноември да се вакцинирате против грип. Таа вакцина не заштитува од други вируси, но најважно е што ќе ве заштити од грип. При епидемија на грип препорачливо е привремено да земате превентивни дози на лекарства против грип.

Health Aid како прва помош во услови на грип ви ги препорачува Zinkovit C ако ви е потребно локално дејство, Wintervits ако ви треба ублажување на симптомите на грип. Покрај ублажување на симптомите и болката, овие препарати го подигнуваат имуниот систем. Доколку ви е потребно само подигнување на имуниот систем, ви го препорачуваме Betaimune, чии состојки поттикнуваат побрз развој на посилен имунолошки систем.

Споделете ја оваа објава