Црешите – мелем за душата и телото

Црешите – мелем за душата и телото

И на исток и на запад, црешата носи добрина. Во Кина и во Јапонија црешовото дрво е симбол на младост и љубов, а пак во Англија претставува среќа.

Во почетокот на летото задолжително јадеме цреши. Црешите се мелем за душата и телото. Тие се препорачуваат како лек за срцето и за закрепнување на организмот. Црешите се богати со флавоноиди- моќни антиоксиданти, кои го забавуваат стареењето и го закрепнуваат имунитетот. Црешите содржат многу витамини и минерали. Од витамините застапени се А, В, С, магнезиум, железо, калциум, растителни влакна и други корисни материи.

Во црешите има големи количества на вода, со што се забрзува метаболизмот и се подобрува варењето. Алтернативната медицина ги препорачува при болки во мускулите и зглобовите. Поради тоа што содржат железо, тие се препорачуваат кај лица кои страдаат од анемија. Црешите го чистат организмот од токсините, а влијаат и на намалувањето на стресот. Доколку изедете една рака цреши пред спиење, полесно ќе заспиете и ќе имате пријатни соништа.

Црешите го забрзуваат процесот на слабеење. Диетата со цреши е добредојдена во почетокот на летото за да се симнат вишокот на килограми. Доволно е пет дена да јадете по 300 грама свежи цреши дневно или, пак, овошна салата со разно овошје во која црешите ќе бидат повеќе застапени. Црешите многу брзо го елиминираат заморот на организмот после напорно вежбање во било која спортска дисциплина. Докажано е дека сокот од цреши со неверојатна брзина го отстранува грчот на мускулите.

Во народната традиција не се вели напразно:„ усни убави како цреши“. Во пракса црвеното овошје ја чисти кожата. За таа цел се подготвува маска за лице на следниот начин: црешите се чистат од семките и се додава маслиново масло и се подготвува сместа. По, користењето на маската ќе забележите дека лицето едноставно како да ви грее. Кожата ќе ви биде посјајна,ако во смесата додадете сок од лимон и мед.

За црешите често се вели дека се злато, не само поради нивниот вкус туку и поради корисните материи во нив. Црешата е егзотично дрво. Вообичаено, црешите ги радуваат и нашите очи, бидејќи тие ги полнат со ведрост и оптимизам. Во САД во минатиот век се појави и хит песната „Животот претставува чинија полна со цреши“. Во неа се пее дека и покрај тешкотиите не треба да ја изгубиме насмевката.

Share this post