Влијанието на стресот врз вашето здравје

Стрес

Влијанието на стресот врз вашето здравје

Стрес е секоја промена во околината која бара од вашето тело да реагира како одговор на промената.

Стресот е нормален дел од животот.  Многу настани кои ви се случуваат вас и околу вас го ставаат телото под стрес и истиот може да биде добар или лош за вашето тело и мозок.

Како стресот влијае на вашето здравје?

Човечкото тело е создадено за искусување и справување со стрес. Стресот може да биде позитивен, како унапредување на работа или негативен кога некој се соочува со предизвици континуирано, без време за одмор и релаксација. Како резултат на ова, личноста станува уморна и почнува да манифестира тензија поврзана со стрес.

Ваквиот стрес може да причини физички симптоми како главоболка, нервозен стомак, покачен крвен притисок, болка во градите и проблеми со спиењето. Стресот исто е многу штетен за луѓе кои се обидуваат да се справат со него користејќи алкохол, цигари или потешки дроги. За жал овие супстанци наместо да го отстрануваат стресот само го пролонгираат времето во кое телото е во стресна состојба создавајќи дополнителни проблеми.

Стресот е честа појава и еве неколку факти кои по потврдуваат тоа:

  • 43% од возрасните имаат здраствени проблеми директно причинети од стрес
  • 75-90% од сите посети на лекар се поврзани со стрес
  • Стресот има огромна улога во проблеми како главоболки, висок крвен притисок, проблеми со срце, дијабетес, проблеми со кожата, астма, артритис, депресија и анксиозност.
  • Стресот ја чини Американската индустрија 300 милијарди долари годишно.

 

За намалување на сиптомите од стрес, справување со несоница и секојдневно опуштање ние го препорачуваме Tranquil од Health Aid Macedonia. Препарат целосно на органска база без опасност од создавање зависност.

Share this post