Јаболките и боровинките штитат од дијабет

Јаболките и боровинките штитат од дијабет

Јаболките и боровинките се единствените производи кои можат да не заштитат од дијабет тип2. Тие содржат големо количество на флавоноиди. Флавоноиди (од латинскиот збор flavus што значи жолто) се класа на растителни секундарни метаболити.

До овој наод стасале научниците од американскиот Национален институт за здравствена заштита. Научниците го следеле начинот на исхрана на 200000 мажи и жени во период од 24 години.

На почетокот на истражувањето ниту еден од доброволците немал дијабет.

После неколку години, болеста била дијагностицирана кај 12. 600 луѓе. Се докажало дека кај луѓето во чие мени биле застапени боровинките, ризикот од дијабет бил намален за 23 проценти. Слични резултати добиле и од групата кај која во менито биле застапени јаболките.

Научниците сметаат дека сето ова се должи на тоа што овие овошки се богати со флавоноиди и целулоза, поради што и нивните сокови се многу корисни.

 

Health Aid во својата палета има број на препарати кои помагаат при појава на дијабет, скриен шеќер или ниво на шеќер на граница до дијабет. Повеќе информации можете да најдете на следниве линкови: Diaglucoforte, Glucobate, Karela.

Споделете ја оваа објава