Што е морски колаген?

Што е морски колаген?

Морски колаген е комплексен протеин кој ја одржува јачината и флексибилноста на кожата, лигаментите, зглобовите, коските, мускулите, крвните садови, очите, ноктите и косата. Тој претставува колаген тип 1 кој е најраспространет колаген во човечкото тело.

5 придобивки од морски колаген

  1. Против стареење

    Помага во спречување и подобрување на знаците на стареење на кожата. Намалува брчки и спречува формирање на длабоки брчки како и ја подобрува влажноста на кожата. Бидејќи се состои од мали пептиди со мала молекуларна тежина, лесно се вари, апсорбира и дистрибуира низ човечкото тело.

  2. Лечење и регенерација на коски

    Морскиот колаген неодамна се докажа дека помага во зголемување на производството на колагенот во самото тело и има позитивни ефекти врз здравјето на коските со зголемување на густината на минерали во коските и со анти-воспалително дејство врз остеоартритис.

  3. Лечење повреди

    Морскиот колаген помага во забрзано заздравување на гребаници, изгоретини и посериозни повреди. Способноста на повредата да се залечи се заснова на колаген, кој е есенцијален бидејќи му помага на телото да формира ново ткиво.

  4. Зголемена апсорпција на протеин

    Морскиот колаген е 97% протеин, без масти или јагленохидрати што го прави еден од најдобрите протеински оброци на планетата. Со негово конзумирање  се подобруваат ефектите од физички активности како и се намалува периодот на закрепнување по физичка активност. Повеќе протеин во исхраната помага и во полесна контрола на телесната тежина.

  5. Антибактериски ефект

    Истражување во Канада во 2016 година докажа дека колагенцин, состојка која се содржи во морскиот колаген, има силно антибактериско дејство и успешно го спречува растот на Staphylococcus aureus.

 

Како извор на најквалитетен колаген ние ви го препорачуваме Radiance од HealthAid Македонија.

Споделете ја оваа објава