Суплементите – Eфикасна превенција

Суплементите – Eфикасна превенција

Зошто да се земаат додатоци на исхраната?

  • Почвата е осиромашена и хранливите материи во растенијата се драстично намалени.
  • Променети навики за исхрана кај современиот човек.
  • Фармацевтската индустрија од свои интереси, води кампања против суплементите.
  • Професионалниот третман со додатоци во исхраната е целосно безбеден.

Осиромашената почва на денешницата води до намалена содржина на хранливи материи во земјоделските продукти. Ова главно се однесува на минералите, но, исто така и на витамините, како и на десе­тици други хранливи материи соджа­ни во овошјето и во зеленчукот.

Хибридизираните видови произведуваат приноси што имаат ниска хранлива вредност. Ова се од­несува дури и за органските фарми. Модерните ѓубрива дополнително ја осиромашуваат почвата. Употребата на хемиски пестициди ја прави храна­та токсична и ги оштетува корисните микроорганизми во почвата, со што, повторно, се намалува хранливата вредност.

Долгиот транспорт на многу видови храна, исто така, ја намалува нивната хранлива вредност. Aдити­вите во храната, дополнително пра­ват таа да биде со помала хранлива вредност.

Освен тоа, и променетите навики на исхрана кај современиот човек ја намалуваат апсорпцијата на хранливи материи. Стресот и брзиот начин на живот влијаат за побрзо тро­шење на залихите на хранливи мате­рии во организмот, на пример, цинкот почнува забрзано да се троши само неколку минути по акутен стрес. Хро­нични инфекции и воспаленија кои не даваат видливи симптоми, исто така, незабележливо, ги трошат залихите на хранливи материи од телото. Ре­чиси сите бебиња во современиот свет, се раѓаат со некаков дефицит на хранлива материја.

Зголемената употреба на класични лекови, исто така, ја поре­метува исхраната, поради промена на апсорпцијата на некои хранливи материи, а и некои медицински про­цедури (хируршки зафати, рентген и слично) забрзано ги трошат залихите на хранливи материи.

Сепак, мора да се нагласи дека професионалниот третман со додатоци на исхраната е целосно безбедна, ефикасна и одлична пре­венција. Секоја индивидуа е би­охемиски уникатна, односно, потре­бите за хранливи материи варираат од лице до лице, имајќи ја предвид сложеноста на човечкиот организам. Ортомолекуларната исхрана се одне­сува токму на оваа биохемиска инди­видуалност. Тоа, едноставно, значи, да се земе точно толкаво количество од хранливата материја колку што е потребно. Не повеќе и никако не по­малку.

Споделете ја оваа објава