Со каква исхрана да ја заштитите вашата простата

Со каква исхрана да ја заштитите вашата простата

Бразилски ореви го намалуваат ризикот од рак на простата

Од сите различни јаткасти плодови овие се особено важни бидејќи се богат извор на селен кој е клучен за здрава простата и за кој научни истражувања покажале дека значително го намалува ризикот од рак. Ендемични се  за Бразил, Колумбија, Венецуела, Перу и Боливија. Овие  плодови  богати се  со 25% масти па нивното конзумирање треба да се ограничи на не повеќе од 50 грама дневно.

Брокула

Содржи огромни количини на фитонутриенти, сулфорафан и индол-3-карбинол  кои го забавуваат растот на ракот на порстата и го инхибираат производството на антигенот специфичен за простата (PSA). Јадење на брокула еднаш неделно ги намалува шансите  за појава на рак на простата за 45%.

Чили пиперки

Огромното количество капсаицин кој го содржат е природен аналгетик но и помага во уништување на клетките на рак принудувајќи ги да се самоуништат во процес наречен апоптосис.

Зелен чај

Содржи тип на полифенол кои уништува разни бактерии и вируси и го зајакнува имуниот систем. Повеќе истражувања докажаа дека секој кој пие најмалку три шолји зелен чај дневно значително ги намалува шансите за рак на простата.

Калинка

Богати со антиоксиданси и фитонутиренти кои се особено значајни за одржување на здравјето на простата. Истражувања покажаа дека во епрувета, екстракт од калинка значително го забавува размножувањето на клетките на рак и ги наведува истите да се самоуништат. Заради големото ниво шеќер кое ова овошје го содржи се препорачува да се јаде сирово не во форма на сок или да се зема преку суплементи.

Семки од тиква

Семките од тиква нудат некои уникатни погодности за простата, особено за мажи кои страдаат од бенигна простатична хипертрофија. Оваа состојба која вклучува зголемена простата се појавува кај мажи постари од 50 години и е предизвикана од прекумерна стимулација на клетките на простатата од тестастерон или други хормони.

Маслото во семките од тиква спречува ваквите хормони да предизвикаат прекумерно размножување на клетките на простатата. Овие семки содржат и цинк кој исто е од огромно значење за здравјето на простата и ја штити од појава на рак.

Лосос

Омега-3 масни киселини се особено важни за одржување на здрава простата а лососот е еден од највкусните начини за истите редовно да ги внесувате во вашиот организам.  Единствено прашање е што е подобро див или одгледуван во фарма лосос,  а бидејќи се почесто прекумерено се користат антибиотици во фармите при одгледување на лосос доколку имате избор див лосос  далеку поздрава опција.

Споделете ја оваа објава