Со енергетска храна против пролетниот замор

Со енергетска храна против пролетниот замор

Пролетниот замор не прави расеани, сонливи и нерасположени. Во овие пролетни денови сведоци сме и на големите температурни осцилации. Тие секојдневно варираат и тоа за десетина степени се зголемуваат и намалуваат, а сето тоа е дополнителен товар за нашиот организам, кој пак треба брзо да се прилагоди на деноноќниот ритам.

Од каде може да добиеме помош за повторно да почувствуваме наплив на енергија?

Уште многу одамна е познато дека има храна која го стимулира лачењето на хормоните за добро расположение и за виталност. Во списокот на позитивни производи се чоколадите, бананите, како и овошјето и зеленчукот кое е многу богато со минерали и витамини. Затоа консумирајте јаболки, портокали, моркови, зелје, спанаќ, свеж млад кромид. Од корист ќе ви бидат и зрнестите каши кои ги подготвувате за појадок или ужина, како и сирењето и урдата.

Пожелно е да ја избегнувате претерана употреба на енергетски пијалоци, меѓу кои и кафето за расонување, бидејќи тоа може да даде обратен ефект на организмот. Одлична алтернатива е наутро да испиете свежо исцеден сок од лимон, и тоа малку растворен во вода (лимонада), со тоа ќе ја регулирате размената на материите во вашиот организам, а воедно ќе се справите и со вишокот на килограми.

Производите кои се богати со железо како спанаќот и копривата треба редовно да бидат застапени на пролетната трпеза, бидејќи недостигот на железо во крвта (анемија) причинува умствен и физички замор. Една дланка јатки (ореви, бадеми, лешници) содржат доволна количина на омега3 масни киселини. Ако сакате ефектот да го засилите можете да додадете и малку ленено семе или сончоглед. Овие незаситени масти многу брзо се разградуваат и даваат енергија. Како и секоја преодна сезона, и пролетта не е годишно време за тешки строги диети.

Најважно во овој период од годината е да се потпреме на прошетките на отворено и на сонце. Сончевата светлина делува како лек за организмот, бидејќи му помага да си произведе самиот витамин Д. Но, овде не смееме да заборавиме дека наутро е најдобриот период во денот да бидеме изложени на сонце и попладнето пред зајдисонце, да ја искористиме секоја минута кога сме надвор. Колку повеќе сончева светлина примиме во текот на денот, подобро ќе спиеме во текот на ноќта. Нема нешто подостапно и подобро од пешачењето, всушност тоа е сосема природно за човекот. Препорачливо е секојдневно да пеша- чиме по 30-40 минути на ден, бидејќи пешачењето претставува универзално оружје за борба против заморот и болестите.

Исто така и пливањето е нај препорачливата физичка активност, затоа што претставува одличен тренинг за мускулите и дишењето, а притоа без да ги преоптоварувате зглобовите. Доколку немате проблеми со колената слободно можете да ги користите скалите како одличен тренинг за вашата физичка кондиција.

Овде не треба да го заборавиме и сексот. Оваа интимна активност ги отфрла депресивните фактори, а воедно ќе ве освежи, мотивира, и ќе го исполни вашето тело и дух со добро расположение.

Доколку сакате да останете верни на природните средства за справување со пролетниот замор најдобро средство за справување е Koregin од производителот Health Aid.

Ова е целосно природен производ во кој се содржи женшен кој е моќен адаптоген и се користи за да се намали нивото на холестерол, да се постигне рамнотежа на метаболизмот, да се зголеми нивото на енергија, и да го стимулира имунолошкиот систем.

Исто така помага во борбата против заморот, нервозата и стресот. Обезбедува чувство на голема енергија.

Споделете ја оваа објава