Причини за појава на проширени вени и како истите да се спречат

Причини за појава на проширени вени и како истите да се спречат

Проширените вени се доминанта болест на површинскиот венски систем. Под проширени вени се подразбираат дилатирани и проминентни површински вени на долните ескстремитети. Болеста е од лесна природа и е безопасна по животот на болниот. Меѓутоа, таа претставува значаен социјално – медицински проблем во развиените земји во светот поради својата се поголема зачестеност и ограничувањето на работоспособноста на болните од неа.

Значаен фактор за појава на проширени вени (варикоза) е генетско определена слабост на ѕидовите на венските садови, кои постепено ја изменуваат структурата и ја губат својата еластичност. Притоа се појавува слабост на венските валвули (клапи) и се развива венски рефлукс, доаѓа до варикоза на длабоките  и перфорантните вени. Ова заболување најчесто е комбинирано со хернии, хемороиди и/или рамни стапала. Во патогенезата на вариксите значајна улога имаат и други фактори: бременост (компресија на пелвичните вени) или професионално оптоварување кое се должи на продолжителна работа во стоечка положба.

 

Според некои истражувања 45% од жените и 5% од мажите на возраст од 30-75 години, во Македонија, имаат проблем со варикоза или проширени вени.

Големо олеснување за вашите нозе и системот на вени е нормалната тежина, па затоа треба да водите сметка за исхраната. Идеално е да консумирате лесна храна со малку маснотии и многу витамини и влакна. Тоа значи многу свежо овошје и зеленчук, јадење почесто на риба, а одбегнување на колбаси и месни преработки и полномасни сирења. За крвта да може полесно да тече низ вените, пијте минимално по две литри течност на ден. Исто така, одбегнувајте долготрајна изложеност на сонце, топли бањи и сауни.

Најлесен начин за да го одбегнете проблемот со проширените вени е одењето или лежењето наместо седењето и стоењето. Вежбањето и гимнастиката ќе им помогнат на нозете за подобра циркулација. Добро изградената мускулатура може да помогне за зацврстување на вените. Препорачливо е интензивно вежбање, како што е возењето велосипед, пливањето или трчањето двапати неделно по половина час.

Од огромна помош може да бидат и диосмин/хесперидин (и други флавоноиди), анти-инфламаторни лекови (ацетилсалицилна киселина и ибупрофен).

HealthAid Македонија во својата палета на производи има препарат кој во голема мера може да го намали проблемот со проширени вени. V-Vein е специјално формулиран синергистички препарат, кој содржи екстракт од семки од грозје, цитрус биофлавоноиди, бромелаин и многу други флеботропни, венотонични и капиларопротективни екстракти и е достапен во сите подобро снабдени аптеки освен аптеките на Зегин.

Споделете ја оваа објава


Кошничка
0