Позитивното влијание на домашните миленици во спречување на појава на алергии

Позитивното влијание на домашните миленици во спречување на појава на алергии

Домашните миленици влијаат позитивно во семејствата кои имаат мали деца. Тие го намалуваат ризикот од појавата на алергии, тврдат американските експерти од Детроит.

Според нивното истражување, контактот на детето со домашното милениче го намалува ризикот од појавата на алергии за 50 проценти. За експериментот биле набљудувани деца кои од раѓање до полнолетство во својот дом чувале маче или куче. Кај овие деца многу ретко се појавувале алергии.

Според истражувачите најважно е детето да биде во контакт со кучиња или мачки во првата година од неговиот живот иако позитивно влијание има и контакт со домашно милениче во подоцнежните години истото не е толку изразено.

Во ова истражување биле вклучени 2500 деца во Шведска кои биле тестирани за алергии на возраст од 7 до 8 години и повторно за 4 години.

 

Сепак експертите сметаат дека се потребни подлабоки испитувања за да може да се препорачаат домашните миленици како средство против алергија. Пред некое време научниците докажаа дека кај пациенти кои се во пост оперативен период помалку користат лекарства против болка ако покрај себе имаат куче или маче.

 

За сите оние кои се мачат со сезонски алергии еден од најефикасните начини за справување со симптомите е Allergoforte од HealthAid Македонија.

Споделете ја оваа објава