Паника, антидепресиви и навики

Паника, антидепресиви и навики

Во пракса, паниката треба да ја лекуваат психијатри, но бидејки пациентите не сакаат да одат на психијатар, често невролозите се занимаваат со ваквата состојба.

Паника, симтоми и третман?

Вообичаено паниката е со времетраење од 10-20 минути и се карактеризи­ра со зголемување на крвниот притисок и пулсот, потеш­котии во ди­шењето и страв. Овие симптоми се резул­тат на циркулацијата во која се појаву­ваат специфични медијатори- хормо­ни на стрес од типот на адреналин и норадреналин, кои ги стегаат крвните садови. Тоа е несвесен процес и не подлежи на самоконтрола. Луѓето, кои имаат напад на паника не треба да се обвинуваат за нивната состојба. Тие имаат потреба од специјализирана помош.

Меѓутоа, кај нас се уште пос­тои страв за посета на психијатар, како и од земање на антидепресиви. Всушност, стравот од психијатар тешко се пребродува. Во пракса, паника­та треба да ја лекуваат психијатри, но бидејки пациентите не сакаат да одат на психијатар, често невролозите се занимаваат со ова. Една од причини­те да се одми на психијатар е поради тоа што долги години психијатриските болници беа од затворен тип и лоци­рани во перифериите, што кај луѓето оставаше впечаток како нешто лошо.

Аверзија кон антидепресивите

Според невролозите пациентите кога слуша­ат дека треба да пијат антидепресив, тоа го прима­ат како сериозна закана. Луѓето се спремни да пијат секакви таблетки кои им се напишани на рецепт, но кога ќе им спомнеш за антидепресив, то­гаш тоа е табу, објаснуваат невроло­зите. Невролозите објаснуваат дека повеќето обични лекарства може да создадат зависност, а антидепресиви­те воопшто не предизвикуваат ваква реакција. Затоа нема некое логично објаснување зошто луѓето стравува­ат од антидепресивите ако треба да се лекуваат со нив. Заблудата спо­ред невролозите лежи во фактот што луѓето сметаат дека со пиењето на антидепресивите го добиваат стату­сот на психичко болни луѓе. Инаку, до­зата која се препишува на луѓето кои паничат или се растревожени, немаат никаква врска со оние пациенти кои имаат сериозни психички проблеми, велат невролозите.

Не треба да заборавиме дека во економски најразвиените држави како САД, каде стресот е многу по­застапен отколку кај нас, дури 80 про­центи од работоспособните луѓе, во одредена етапа од животот примаат антидепресиви за да се справат со напорот и со критериумите во нивната работна средина. Не е неопходно да си во длабо­ка депресија, постојано да плачеш и да сакаш да си го одземеш животот, за да пиеш антидепресив. Тоа е само распрос­транета заблу­да.

Навиката на антидепресиви – Нивниот механизам на работа е побавен и не нé смируваат веднаш штом ќе ги испи­еме, како што е случајот со лековите според зелените рецепти. Антидепресивите бавно се разградуваат, а нивното целосно дејствување трае околу месец, месец и половина. Затоа најдобро е да се примаат околу шест месеци. Потоа може да се прекине со нивната терапија без притоа да се има некакви негативни последици. Не случајно после претрпен страв од елементарна непогода, некои луѓе имаат висок крвен притисок, и кардиоваскуларни проблеми, велат невролозите. И тоа, тие не го препишуваат само на стравот. Самата природна појава е поврзана со некои променливи параметри кои човековиот организам ги чувствува или реагира на нив пред да се случат во природната средина.

Природни средства против стресот

Споделување на загриженоста: ако направите добар разговор за вашите стравови со човек во кој имате довер­ба со сигурност ќе го намалите стре­сот. Споделувањето на проблемите со адекватен соговорник со сигурност ќе ви ги среди мислите.

• Вежбање: овде станува збор за ак­тивност каде човекот ја исфрла негативната енергија. Ако ра­ботите на биро, доволно е да практи­кувате брзо одење и да се откажете од лифтот за да ги користите скали­те. Покрај пешачењето, пожелно е да пливате, да возите велосипед. Опто­варувањето на мускулите, срцето и дишните патишта, води до релаксаци­ја, подобар сон и до намалување на загриженоста.

• Топла бања: таа се предлага само ако немате хронични кардиоваскуларни заболувања или, пак, некои невролошки заболувања. Топлата бања ги шири крвните садо­ви, ги отвора порите на кожата ги из­влекува токсините од телото.

• Билни пијалаци: уште многу одамна во нашите краеви се познати смирувачките дејства на не­кои билки како, липата, маточина и валеријаната. Најдобро е чајот од овие билки да се пие пред заспивање и тоа многу малку засладен.

• Мали дози на алкохол: докажано е дека мала доза на алкохол смирува. Ова го препорачуваат дури и лекарите, бидејки утврдиле дека ма­лите дози на алкохол го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболу­вања, во однос на оние кои се воздр­жуваат да консумираат алкохол. Но, пред се треба да се има мерка и огра­ничувања. Препорачани дози се 50 милилитри жесток алкохол, 15 мили­литри вино, 400 милилитри пиво. сето она што е над овие дози, претставува отров за организмот.

• Кратко напуштање на домот: напра­вете си екскурзија, појдете кај некој пријател или роднина во друг град, појдете на излет подалеку од вашето место на живеење, сменете ја средината, тоа позитивно ќе влијае на вас и на вашето расположение.

Споделете ја оваа објава