Лековитите својства на Алое Вера

Лековитите својства на Алое Вера

Алое вера е растение кое најверојатно потекнува од Северна Африка, Мадагаскар и Арапскиот Полуостров. Ова растение се споменува уште во Стариот Завет 6000 години пред Исус.

Самата лековитост на aлое вера се наоѓа во компонентите кои имаат различни и специјални енергетски вредности. Алоето е билка која спаѓа во семејството лилјани, и во светот се познати повеќе од 250 видови од кои само 4 имаат лековитo дејство, од кои најлековита е aлоe вера.

Со сечење на листовите и нивно пресување се цеди сок кој се стабилизира со папаја, а има и хранлив и лековит ефект кој го даваат повеќе од 200 активни состојки на алое вера потребни за секојдневно функционирање на секоја клетка.

Оваа билка природно расте само во подрачјата со топла и сува клима (најдобри услови се таму каде годишната просечна температура е над 22 степени Целзиусови, на пример Карибите и Мексико).

Научниците утврдиле дека гелот од алое вера содржи повеќе од 240 хранливи и лековити состојки, од кои витамини А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, Е и фолна киселина.

Од минералите, богата е со повеќе од 20: гелот содржи магнезиум, манган, цинк, бакар, хром, калциум, калиум и железо.

Во дополнение ви претставуваме листа од здраствените придобивки од алое вера и ова е само дел од начините на кои оваа неверојатно лековита билка може да ви помогне:

  • Го регулира нивото на шеќер во крвта
  • Помага при улцерозен колитис и Кронова болест, констипација и синдром на иритабилни црева
  • Го забрзува метаболизмот и помага при слабеење
  • Антиоксидативните својства спречуваат појава на чир на желудникот и ги лечат клетките кои се зафатени од чирот и ја обновуваат оштетената слузокожа.
  • Го зајакнува имунитетот
  • Го регулира крвниот притисок и спречува појава на болести на крвните садови
  • Ја подобрува циркулацјата
  • Го забрзува процесот на заздравување на ткивата, особено при надворешни повреди и изгореници
  • Спречува раст на туморни клетки
  • Ги ублажува симптомите на астма и алергија
  • Има антибактериско (особено против E. Coli), антифунгално и антивирусно делување
  • Има лаксативно делување (содржи билен протеин – алоин)

Споделете ја оваа објава