Како да го победиме пролетниот замор

Како да го победиме пролетниот замор

Пролетниот замор не прави расеани, поспани и нерасположени. Во овие пролетни денови сведоци сме и на големите температурни осцилации. Тие секојдневно варираат и тоа за десетина степени се зголемуваат и намалуваат, а сето тоа е дополнителен товар за нашиот организам, кој пак треба брзо да се прилагоди на деноноќниот ритам.

Од каде може да добиеме помош за повторно да почувствуваме наплив на енергија?

Уште многу одамна е познато дека има храна која го стимулира лачењето на хормоните за добро расположение и за виталност. Во списокот на позитивни производи се чоколадите, бананите, како и овошјето и зеленчукот кое е многу богато со минерали и витамини. Затоа консумирајте јаболки, портокали, моркови, зелје, спанаќ, свеж млад кромид. Од корист ќе ви бидат и зрнестите каши кои ги подготвувате за појадок или ужина, како и сирењето и урдата.

Пожелно е да ја избегнувате претерана употреба на енергетски пијалоци, меѓу кои и кафето за расонување, бидејќи тоа може да даде обратен ефект на организмот. Одлична алтернатива е наутро да испиете свежо исцеден сок од лимон, и тоа малку растворен во вода (лимонада), со тоа ќе ја регулирате размената на материите во вашиот организам, а воедно ќе се справите и со вишокот на килограми.

Споделете ја оваа објава