Астма во раната детска возраст

Астма во раната детска возраст

Клиничките знаци се присутни од првите месеци на раѓањето

Во раната детска возраст често се сретнуваат болести кои во клиничката слика манифестираат опструктивен респираторен синдром (ОРС) т.е кашлица, свиркање, гушење во горните дишни патишта и тешко дишење. Овој синдром се сретнува и кај сите генетско условени и конгенитални заболувања на респираторниот систем (РС).

Вирусните и бактериските инфекции на РС исто се проследени со ОРС. Од цела таа патологија треба да се издвојат болните со рано пројавена астма, кај кои астмата е присутна уште во првата година во животот со или без комплетна клиничка манифестација.
Астмата е болест при која постои зголемена осетливост на бронхијалната лигавица на разни стимуланси, а се манифестира со општо стеснување на дишните патишта со променлив интензитет. Поминува спонтано или со терапија. Оваа дефиниција на астмата ја изразува бронхијалната хипер реактивност независно од возраста на детето.

Кај мало дете нападите на ОРС се со повторувачки карактер и се опишуваат како (Broncithis obs. Recidiv) повторувачки бронхит опструенс, општ термин на бројни синдроми кои не можат да се сврстат во назолошка единица. Во однос на манифестацијата на рана астма не постојат соодветни податоци.
Воопшто, инциденцата на астмата не е позната, таа е субдијагностицирана, а и самиот термин, рана астма ретко се применува во нашата средина. Причините кои доведуваат до оваа болест се внатрешни (ендогени) и надворешни (егзогени).
Внатрешни фактори е атописка конституција, како и наследната склоност кон алергична реакција. Ако детето нема контакт со надворешниот фактор (алерген) иако има атопија нема да развива болест.

Надворешни фактори се сите инхалативни алергени: полен, прашина, дерматофагоиди, животински влакна и многу други алергени од храна, кои имаат помал удел во настанување на рана астма. Меѓу другите надворешни фактори особено место зазема пасивното пушење. Праксата покажува дека мајките пушачи раѓаат деца со висока концентрација на имуноглобулин Е антитела. Исто така, аерозагаденоста, лошите станбени услови: неосветлени станови и присуство на домашни животни и птици, се важни надворешни фактори.
Инфекцијата – вирусна и бактериска, има својство на антиген и директно ја предизвикуваат алергичната реакција. При контакт на инхалативните алергени со респираторната лигавица се вклучуваат два механизми на горните дишни патишта и мукусот и мукоцилијарниот систем во долните дишни патишта. Овој систем е моќен неутрализатор на сите штетници кои дошле во контакт со него. Вториот механизам на одбрана е асоцијацијата на лимфното ткиво и нивниот имун одговор.

Клиничките знаци на раната астма кај малото дете се присутни во првите месеци на раѓањето. Клиничката манифестација на ОРС како повторувачки бронхит или визинг бронхит го содржи карактерниот триас на симптоми: кашлица, свиркање (визинг) и тешко дишење.

Ако има појава на опструктивен респираторен синдром (ОРС), кај малото дете е присутна алергична предиспозиција (атопичен дерматит, егзема) која дава основа за сомнеж за рана астма. Чист ОРС којшто оди во прилог на рана астма се појавува со повторувачки напади. Нападите се обично лесни или со средно тежок интензитет, со епизоди на кашлица, свиркање и потешко дишење. Се повлекуваат при давање на бронходилататори. Ако е присутна вирусна или бактериска инфекција со висока температура, нападот е потежок.

ДИЈАГНОЗА

Дијагнозата на рана астма се поставува врз основа на многу параметри. Во прилог на алергична компонента се: присутна фамилијарна алергија, присутна атопија со дерматит и егзема кај самото дете. Опструктивниот ексудат се повлекува со давање на бронходилататори. Зголемена концентрација во серумот на ИгЕ антитела и позитивниот кожен тест на нутритивни и инхалативни алергени.

ТЕРАПИЈА

Терапијата на раната астма е многу важно да се спроведува навремено и соодветно. Терапијата се состои во лекувањето на самиот напад на бронхоопструкцијата.
– Лесен напад се лекува во домашни услови со инхалација на бронходилататори.
– Средно тежок напад може да се лекува во амбуланта кај матичен педијатар .
– Тешкиот напад се лекува во најблиската болница во пулмолошко одделение.

ПРЕВЕНЦИЈА

Превенцијата на настанувањето на брохоопструкцијата спречува развој на хроничен инфилтрат во раната детска возраст . Превенцијата започнува за време на бременоста. Бремената жена не треба да пуши, не треба да прима лекови и алергична храна. Превенцијата на малото дете од вирусни и бактериски инфекции успешно се спроведува преку редовно вакцинирање. Како превенција се смета и максималното времетраење на хуманата исхрана, односно се препорачува мајката да го дои своето дете и до две годишна возраст. Доколку детето се дохранува, пожелно е да се воведе хипоалергично млеко. Потоа, детето да се стави под режим на исхрана, односно да се воздржува од јадење јајца, телешко месо, конзервирани производи. Избегнување на потенцијални извори на алергени во домашни услови.

Во детската возраст немаат место бактериските вакцини, пероралната имунизација, употребата на имуномодулатори како стимулатори на Т -супресори, инхибитори на продукцијата на имуноглобулин Е или регулација на цитокините, немаат позитивен ефект, а познат е нивниот штетен ефект пред се врз развојот на детето. Медикаментозната превенција содржи рана примена на: Didodium chromoglicat -преку инхалација или аеро сол. Во превенцијата и лекувањето на астмата во детската возраст нема место за Кетотифен (dihalar, disodium hromoglikat). Доколку не се преземат превентивни мерки или не се лекува нападот на астмата бргу се формира алергичниот инфилтрат кој што е причина за натамошен развој на хроничност. За превенција на алергичниот инфилтрат се користат типични кортикостероиди кои имаат максимален топичен, а минимален системски ефект. Антихистаминици за превенција на детска астма не се применуваат.

Пишува: Проф.Д-р Марија Христова педијатар пулмо-алерголог

Од палетата на производи на HealthAid го препорачуваме Allergforte® кој содржи внимателно одбрани природни состојки за борба против симптомите на вообичаените алергии и подршка на имунолошкиот систем, особено при промена на годишните времиња. Не предизвикува сонливост.
Прочитајте повеќе за Allergforte® ТУКА ➨

Споделете ја оваа објава